Маркетинг со Жар

Поткаст кој нуди подлабок и посуштински поглед на маркетингот. Веруваме дека со споделувањето на нашето искуство ќе ви овозможиме самите успешно да се справите со предизвиците кои ги носи носи секојдневието што динамично се менува.

Virality (Re)defined: Анатомија на виралноста

🎙️ Во новата епизода на „Маркетинг со Жар“ истражуваме дали постои рецепт за виралност, кои елементи се повторуваат кај виралните содржини и како алгоритамската дистрибуција на содржини од новите мрежи како ТикТок ја дефинира виралноста.👇 Цела епизода на линкот во коментари.

09-11
01:24:18

Attention Economy: Внимание по секоја цена

Во првата епизода од поткастот „Маркетинг со Жар“ зборуваме за Економијата на внимание и како таа ги усложнува маркетинг напорите на брендовите на социјалните мрежи, каде станува се' потешко да се пласира порака во морето на содржина која не бира средства во обидите да го привлече вниманието на корисниците. Содржина: 0:00 Вовед 2:00 Што е Економија на внимание 7:40 Како стигнавме до овој стадиум 11:50 Инфлација од содржина 17:20 Последици за брендовите 19:40 Јазот меѓу креаторите и брендовите 24:30 Нусефекти од трката по внимание 26:20 Што можат да преземат брендовите 29:20 Мапирање на динамиката на потрошувачите 34:50 Навраќање на корените на брендот 35:40 Слепо следење трендови 38:20 Заклучок

08-09
40:16

Recommend Channels