Поткаст Зошто

Поткастот „Зошто“ нуди одговори на состојбите, проблемите, на темите кои ве мачат. Овој Поткаст не е како другите. Тука, вие ќе ги поставувате темите што ќе сакате да ги слушате секоја среда. Ние ќе ги повикуваме оние кои се одговорни, или оние кои можат да кажат како да се реши проблемот.

Д-р. Танер: Никако „Оземпик“ на своја рака

За да слабее, на црниот пазар го купил лекот „Оземпик“, првично наменет да дијабетичари. Не знаел дека всушност купил инсулинско пенкало и завршил во болница. За вакво искуство со пациент во поткастот „Зошто“ ни раскажа ендокринологот доктор Хасан Танер. Со него зборувавме и за тоа какви последици може да има земањето на „Оземпик“ ако се користи без лекарски надзор.

04-09
20:21

Оџачарството е одлично платено, но младите не се заинтересирани

Колку младите сакаат да бидат оџачари, каква перспектива би имале со оваа професија и зошто е важно да има повеќе професионалци во оваа област? Во поткастот „Зошто“ на овие теми разговараме со единствената дипломирана оџачарка во земјата, Јасмина Атанасова Симјаноска.

03-19
20:47

Штета е при нови технологии да лекуваме со методи стари еден век

Реплика на органот на пациентот испечатена во 3Д, наместо снимка од компјутерска томографија на хирурзите им дава многу подобар преглед, вели хирургот Стефан Арсенков. Тој вака се подготвува за комплексни операции, а развива и 3Д мобилизација за скршеница која би се користела наместо класичен гипс. Вака е попрактично, поудобно и помалку трауматично вели тој, порачувајќи дека новите технологии може да ги заменат старите пракси.

03-05
20:43

„Шубе“ и срам за облека од втора рака

Зошто некому му е срам да влезе во продавница за облека од втора рака, а зошто би требало да размисли за таква опција? На оваа тема во поткастот „Зошто“ разговаравме со модната дизајнерка Ирина Тошева која е поборничка за концептот на одржлива мода.

02-19
19:30

Имаме потенцијал за создавање големи музички ѕвезди

Имаме докажани македонски музички артисти кои без проблем може да наполнат сала за концерт, но и нови, во кои има потенцијал, ама им треба поддршка за да станат големи. Ова го порача композиторот и инструменталист Николче Мицевски во поткастот „Зошто“.

02-05
20:17

Никој не сака да влегува во оган за 1000 евра

Зошто по 15 години летање со ер трактор за да гаси пожари, нема кој да го замени пензионираниот пилот Стоје Арсовски? Ова е едно од прашањата на кои од него побаравме одговор во поткастот „Зошто“.

01-22
19:41

Децата се како сунѓер, и љубовта и омразата доаѓаат од дома

Она што детето го гледа дома, потоа го рефлектира надвор, потсетува пејачката и инфлуенсерка Викторија Лоба во поткастот „Зошто“. Со неа разговаравме за општествените стереотипи и предрасуди, но и за тоа како таа се справува со судот на јавноста како јавна личност.

01-08
21:04

Растеме генерации за кои насилството е игра

Многу е поважно децата да научат што е другарство, почит и љубезност отколку да знаат колку овци има во Австралија. Ова го порача универзитетската професорка и социолог Татјана Стојаноска Иванова во поткастот „Зошто“. Таа апелира дека е потребна стратегија на национално ниво и квалитетен разговор на родителите со децата дома.

12-25
21:13

Нашите прабаби биле едноставни, но многу мудри

„Опинците се нашиот барок“ вели најмладата професорка по народно пеење, Ленче Димовска. Во поткастот „Зошто“ разговаравме за тоа како таа на новите генерации им ја пренесува својата љубов кон македонскиот фолклор, но и за тоа како младите можат да се доближат до традицијата.

12-11
20:02

Ако се расплачам јас, дозволувам да се расплаче и тој спроти мене

Зошто некој се плаши или срами од одење на психолог? Кому е општествено дозволено да покаже емоција и што прават оние кои ги потиснуваат емоциите во себе наместо да ги споделат? На овие теми разговаравме со психологот Никола Дукоски, во поткастот „Зошто“.

11-27
20:10

„Успеав зошто тие не се откажаа од мене“

Во СОС Детското Село, Силвана Ивановска го минала своето детство и благодарение на луѓето кои работат таму успеала да стане првата оттаму што завршила факултет и тоа со највисоки оценки, а потоа и се вработила во МНР. Во подкастот Зошто за себе вели дека е бунтовник, но никогаш без причина.

11-20
22:48

Земја на викенд земјоделци

Од 50 илјади хектари со градинарски производи пред 10 години, сега има едвај 15 илјади и се помалку професионални земјоделци, вели Гордана Попсимонова, професорка на Земјоделскиот факултет. Во подкастот Зошто зборува за органското производство, но и за современите земјоделци со компјутери и дронови

11-13
18:24

Графити – се помалку контроверзен уметнички израз

Колку модерните графити се контроверзна тема денес и која е разликата од минатото. Од обиди за апсење до честење кафе од граѓаните. Нешто сепак се менува. Во Зошто разговараме со Драган Китановски Драш.

11-06
14:49

Истражуваме што може генот да направи

Ризикот за заболување од канцер на дојка во семејства каде што со генерации имало повеќе случаи и се јавувал на возраст до 50 години е над 60%, вели генетичарот д-р Тодор Арсов. Во поткастот Зошто зборува за важноста на генетиката во судските случаи, но и за наследните болести во нашето поднебје

10-30
21:04

Парадоксите - некогаш и сега

За Зоран Блажевски „Зоки малиот“ велат дека е една од скопските урбани легенди затоа што од 1984 та си ги поставил темелите на урбано угостителство во Скопје. Од Рандеву во чаршија, па преку МЦМ и до Џубокс. Со него зборуваме за парадоксите на времето некогаш и сега.

10-23
20:33

Чивијата ми влезе со Квискотека

„Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем,“ вели во Поткастот Зошто Зоран Јорданов еден од најпознатите македонски квизаџии, творец, уредник и учесник на квизови на Балканот.

10-16
17:38

Без притисок нема решение

За да функционираат институциите мора да има притисок, вели Гонце Јаковлеска од МЦМС. Вели дека со години биле перципирани како странски агенти, петтоколонаш, шпиуни, но тоа се менува и се повеќе граѓани сакаат нешто да променат. Фокусот е на корупцијата, но најпрво ги истражуваат личните искуства.

10-09
16:38

Младите треба да уживаат во сексуалноста, но и да знаат како да се заштитат

Извештајот на СЗО за Европа открива дека употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти, значително се намалила oд 2014 година, а стапката на незаштитен секс е високо загрозувачка. Адолесцентите од Северна Македонија се наоѓаат на високото четврто место. Во Зошто разговараме со Д-р Лидија Јовчевска Ивановска- специјалист гинеколог во Младински центар „Сакам да знам"- Шуто Оризари и мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА.

10-02
14:59

Зошто зачестија екстремните временски промени?

Луѓето сакаат се однапред да знаат, па ние сме како некои претскажувачи, вели метеорологот Ирена Лазарова Димитровска во подкастот Зошто. Раскажува дека во лето ја прашуваат дали ќе има снег за Нова година. Временската прогноза е се попрецизна, но климатските промени носат екстреми кои ја отежнуваат

09-25
18:47

Мото култура - братство, дружби и хуманизам

Нашата цел е да промовираме безбедни практики. Искусните моторџии возат безбедно. Ние се бориме против оние кои не возат безбедно, без разлика дали станува збор за мотори или автомобили, вели Зоран Богдановски автор на МОТОКАСТ.

09-18
16:36

Recommend Channels