Discover#комкаст - media and marketing podcast
#комкаст - media and marketing podcast
Claim Ownership

#комкаст - media and marketing podcast

Author: Darko Buldioski

Subscribed: 16Played: 168
Share

Description

Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK.

#комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast
111 Episodes
Reverse
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.   Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии. 
Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација.    Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.
Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.
loading
Comments