DiscoverMission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle
Claim Ownership
Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle
Author: DW.COM | Deutsche Welle
Subscribed: 8Played: 115Subscribe
Share
© 2024 DW.COM, Deutsche Welle
Description
Mission Europe ist ein Sprachkurs für Anfänger und besteht aus den Krimis Mission Berlin, Misja Kraków und Mission Paris. Taucht jetzt ein in die Welt der Sprachen und lernt Deutsch, Polnisch oder Französisch!
26 Episodes
Reverse
По враќањето во сегашноста, Ана се обидува заедно со Паул да ја блокира временската машина. Но, таа ја нема шифрата. Ана ја следи музиката и одненадеж се појавува жената во црвено.
Ана е повторно во сегашноста и на Паул му го покажува ’рѓосаниот клуч со кој треба да ја блокираат временската машина. Но, и’ недостасува потребната шифра. Ана се обидува со името на композиторот Дахфег, односно нотите што го сочинуваат неговото име. Во последен момент се појавува жената во црвено и бара да и’ го дадат клучот. Ана го става клучот во временската машина и ја внесува шифрата. Дали жената во црвено ќе успее да го спречи уништувањето на временската машина или наскоро таа, како и машината, ќе стане само дел од историјата?
Времето изминува и Ана мора да се раздели од Паул за да се врати на деветти ноември 2006 година. За исполнување на нејзината мисија и’ остануваат уште пет минути. Дали Ана ќе има доволно време?
Соиграчот ја советува Ана да го искористи метежот во Берлин за да исчезне. Но, Ана не сака да отпатува без да се збогува со Паул. Таа ги меморира резултатите на играта и открива дека ’рѓосаниот клуч е еден од двата клуча за решавање на загатката. Другиот клуч е музиката. Но, дали Ана ќе успее да стигне навреме и да го спречи најлошото? За успешно завршување на мисијата на Ана и’ остануваат уште само пет минути.
Ана ја наоѓа металната футрола, што ја скри во 1961 година, но не може да ја отвори, бидејќи е ’рѓосана. Најпосле, сепак успева да ја отвори и во неа наоѓа стар клуч. Дали е тоа клучот за тајната?
Времето лета, а Ана мора да ја отвори металната футрола. Но, соиграчот ја предупредува да не ја отвора футролата во туѓо присуство. Најпосле, таа во футролата наоѓа стар ’рѓосан клуч. Но, мора колку што е можно побргу да се врати во 2006 година, за да се пресмета со жената во црвено. Дали таа има доволно време за тоа?
Момче со мопед ја превезува Ана до улицата „Бернауер“. Тоа е Емре Огур, кој и’ помага и и’ посакува многу среќа во Берлин.
Соиграчот на компјутерската игра ја советува Ана да најде превоз до улицата „Бернауер“, оти времето истекува. Младото момче Емре Огур, кој подоцна станува инспектор, ја превезува Ана со мопед. Но, во моментот кога Ана ги среќава Хајдрун и Паул, се појавува и жената во црвено. Паул и Роберт, сопругот на Хајдрун, успеваат да ја избркаат. За тоа време Ана се обидува да ја земе футролата. Но, дали футролата по толку години се’ уште е во скривалиштето?
Ана пристигнува во Берлин во 1989 година, каде што се слави падот на Берлинскиот ѕид. Таа мора да се пробие низ толпата луѓе и да ја пронајде футролата. Дали ќе успее?
Кога Ана сака да отпатува кон 1989 година, се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Жената во црвено им наредува да ја пронајдат Ана и да ја донесат жива! Сепак, Ана со временската машина успева навреме да се врати на денот на падот на Берлинскиот ѕид. Таа повторно се наоѓа сред толпата луѓе кај Бранденбуршката порта, но мора да дојде до улицата „Бернауер“. И’ остануваат само уште триесет минути. Дали Ана ќе успее доволно бргу да помине низ толпата луѓе, која е насобрана во градот што порано беше поделен?
Ана се враќа во 2006 година. Жената во црвено го киднапира свештеникот Кавалиер. Бидејќи не може да открие каде го кријат свештеникот, Ана патува во ноќта кон деветти ноември 1989 година, кога паѓа Берлинскиот ѕид.
Назад во 2006 година, Ана дознава од Паул дека свештеникот исчезнал. Него го киднапирала жената во црвено. Паул очигледно има повеќе информации за свештеникот и временската машина, но тие немаат време да разговараат за тоа. Ана прифаќа да се врати во вечерта на деветти ноември 1989 година. Таму затекнува град во потполна еуфорија што го слави падот на Берлинскиот ѕид. Ана сака да го искористи метежот и без да ја забележат да ја земе футролата.
Ана е се’ уште далеку од решението на загатката. Кој настан сака да го спречи организацијата РАТАВА? По враќањето во 2006 година, следното патување ја води Ана во 1989 година. Но, дали овие скокови низ времето се опасни?
По емоционалната разделба од Паул, Ана се враќа во 2006 година. Таа има уште триесет и пет минути да ја заврши нејзината мисија. Ана и соиграчот се’ уште погодуваат кој е историскиот настан што организацијата РАТАВА сака да го спречи. Одеднаш им станува јасно дека терористите не ги интересира подигањето, туку падот на Берлинскиот ѕид. Соиграчот одлучува Ана веднаш да отпатува во 1989 година, за да го доживее паѓањето на Ѕидот.
Ана и Паул успеваат да и’ побегнат на жената во црвено и пристигнуваат во Западен Берлин. Паул и’ признава на Ана дека ја сака и со тоа уште повеќе ја заплеткува ситуацијата. Дали љубовта е шанса или пречка?
Ана мора да стигне до Источен Берлин за да ја исполни својата мисија. Но, поради ситуацијата во градот, таа е принудена да остане во Западен Берлин. Има уште еден проблем: Во таквата тешка ситуација Паул и’ признава на Ана дека ја сака. Тој и’ вели да се откаже од нејзината мисија. Но, соиграчот сака да ја врати Ана назад во 2006 година, за да направи нов план. Дали преостанатите триесет и пет минути се доволни за да се најде решение?
Ана открива дека жената во црвено е шефицата на РАТАВА. Остануваат уште само четириесет и пет минути до крајот на играта. Најважен патоказ за Ана е металната футрола што ја скрила жената во црвено.
Одејќи кон улицата „Бернауер“, Хајдрун, Паул и Ана го среќаваат Роберт, сопругот на Хајдрун. Тој ги известува дека низ целиот град има војници. Но, ситуацијата се заострува: повторно се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Ана, Паул, Хајдрун и Роберт се засолнуваат во дворот од старата пиварница. Се појавува жената во црвено и Паул и’ објаснува на Ана дека таа е шефица на организацијата РАТАВА. Ана и Паул ја следат и забележуваат дека таа во подрумот крие метална футрола. Тие се спречени да ја земат футролата со себе и затоа мораат да ја скријат на друго место. Соиграчот на компјутерската игра ветува дека ќе најде решение како тие подоцна повторно да ја земат. Но, дали преостанатото време од четириесет минути ќе им биде доволно?
Уште педесет минути: соиграчот одлучува да ризикува се’ и да и’ верува на касиерката. На радио јавуваат дека војниците од Источна Германија поставуваат барикади.
Ана се’ уште не забележала дека касиерката е Хајдрун Драј. Соиграчот ја советува Ана да и’ верува на жената која сака да и’ помогне. И покрај тоа што нејзиниот брат Паул се двоуми, на крајот сепак и тој се согласува да и’ помогнат на Ана да побегне од моторџиите. Ана, Паул и Хајдрун гледаат како армијата од Источна Германија поставува огради од бодликава жица. Соиграчот и’ објаснува на Ана дека тоа е почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид. На Ана и’ остануваат уште само четириесет и пет минути да ја спаси Германија.
Вооружените моторџии ја следат Ана и во 1961 година. Во ваквата опасна ситуација на Ана и’ помага непозната жена. Зошто жената сака да и’ помогне? Дали Ана може да и’ верува?
Моторџиите во чекор ја следат Ана. Таа се крие во продавница за прехранбени производи. Сопственикот на продавницата и’ вели да излезе оти тие затвораат. Но, касиерката во продавницата тврди дека Ана е нејзина пријателка. Таа ја носи Ана во својот дом и ја претставува како другарка од училиште. Ана се сомнева дека жената е добронамерна, но соиграчот и’ кажува дека може да и’ верува. Во домот на касиерката, Ана го запознава нејзиниот брат Паул Винклер.
Во поделениот Берлин, Ана мора да премине од источниот во западниот дел на градот. Но, тоа не е се’. Таа има само педесет и пет минути да открие кој настан од историјата сака да го избрише организацијата РАТАВА.
По пристигнувањето во 1961 година, Ана се обидува да стигне до улицата „Кант“. Но, тоа е невозможно, бидејќи владата на Германската Демократска Република почнала со изградбата на Берлинскиот ѕид. Имено, Ана се наоѓа во источниот дел од градот, а улицата „Кант“ е во Западен Берлин. Соиграчот и Ана повторно прават биланс на играта и откриваат дека цел на РАТАВА можат да бидат два историски настани: изградбата или падот на Берлинскиот ѕид. На Ана и соиграчот им остануваат само уште педесет и пет минути да откријат за кој настан станува збор.
Ана ја наоѓа временската машина и дознава дека терористите сакаат да избришат важен историски настан. Но, за кој настан станува збор? Затоа соиграчот ја враќа Ана назад во 1961 година.
Свештеникот може да го објасни значењето на реченицата: „In der Teilung liegt die Lösung“. Тој знае колку е опасна организацијата РАТАВА. Соиграчот смета дека Ана треба да се врати назад во 1961 година, за да ја реши загатката. Со лозинката „Die Liebe versetzt Berge“ може кога сака повторно да се врати во сегашноста. Ана се враќа во минатото на тринаесетти август 1961 година. За исполнување на мисијата таа има само уште шеесет минути. Дали таа има доволно време?
Се чини дека црквата е вистинското место да се дојде до информации. Свештеникот и’ ја објаснува мелодијата на Ана и и’ кажува дека таа е клучот за временската машина. На каква машина мисли тој?
По повторното стартување на играта, почнува борбата меѓу Ана и жената во црвено. Кога ќе се појави свештеникот, жената во црвено бега. Тој и’ кажува на Ана дека инспекторот Огур е само ранет и е во болница. Свештеникот и’ ја свири на Ана уште еднаш мелодијата и објаснува дека редоследот на нотите D A C H F E G е клучот за влез во временската машина. Успешната истрага на Ана и соиграчот им донесува временска предност од десет минути. Но, дали ќе имаат доволно време?
На Ана и’ остануваат уште шеесет и пет минути. Таа во црквата открива дека музичката кутија, всушност, е извадениот дел од црковните оргули. Жената во црвено повторно се појавува и бара клуч од Ана. Но, каков клуч?
Црковните оргули ја свират истата мелодија како и музичката кутија. Во црквата Ана случајно слуша како прислужникот му објаснува на еден посетител дека оргулите биле реставрирани, но по изградбата на Ѕидот еден дел недостасувал. Ана се досетува дека музичката кутија, всушност, е делот од оргулите што недостасува и ја вметнува кутијата во инструментот. Кога оргулите почнуваат да свират, се отвора една врата од каде што излегува жената во црвено. Ана губи уште еден живот и има уште шеесет минути.
За време на ручекот во ресторанот, Ана му ја кажува таинствената реченица на Паул: „Решението е во поделбата, следи ја музиката“. Тој, пак, веднаш ја согледува опасноста и ја испраќа Ана кај свештеникот Кавалиер.
Паул ја поправи музичката кутија, но мелодијата не оди докрај: недостасува една строфа. Ана му раскажува на Паул за мистериозната порака: „Решението е во поделбата, следи ја музиката“. Тој и’ ја враќа музичката кутија и ја испраќа кај свештеникот Маркус Кавалиер во црквата „Гетсемане“. Од соиграчот на компјутерската игра Ана дознава дека црквата била собиралиште на противниците на владата на Германската Демократска Република.
Соиграчот открива дека 13 август 1961 година е датумот кога е изграден Берлинскиот ѕид, а деветти ноември 1989 година е денот на неговиот пад. Мисијата е во тесна врска со овие два датума. Но, каква е задачата на Ана?
Паул и Ана бегаат од жената во црвено и влегуваат во стоковната куќа КаДеВе. Ана прави биланс на досегашната игра и го резимира тоа што го дознала. Соиграчот и’ објаснува на Ана дека 13 август 1961 и деветти ноември 1989 година се датуми кога се подигна и кога падна Берлинскиот ѕид. Ана забележува дека решението на мисијата е во поделбата на Берлин.
Ана бега од театарот, но жената во црвено ja следи до продавницата на Паул. Благодарение на Хајдрун, Ана успева повторно да побегне. Дел од сложувалката е составен, но како Ана да ги најде другите делови?
Инспекторот Огур ја предупредува Ана на опасноста од РАТАВА и терористите. Во продавницата за часовници, Паул Винклер и’ ја покажува на Ана музичката кутија што ја поправил. Се слуша мелодијата со наслов „Nostalgie“ од Фридрих Август Дахфег. „Unsere Melodie, Anna“, вели Паул, но таа не разбира што тој сака да и’ каже. Одненадеж се појавува жената во црвено и почнува да пука. Хајдрун Драј е исто така тука и им помага на Ана и Паул да побегнат. На Ана сега и се познати два датума: тринаесети август 1961 и деветти ноември. Но, за која година се работи?
Инспекторот Огур е повреден во вооружена пресметка со жената во црвено. Тој и’ ја открива на Ана тајната за РАТАВА, чија цел е да се избришат историските случувања. На крајот на силите, инспекторот и’ кажува еден датум.
Инспекторот Огур претпоставува дека Ана е во театарот и ја принудува да побегне. Се појавува жената во црвено и пука во Ана. Ана губи уште еден живот. По повторното стартување на играта, Огур и` објаснува на Ана дека една банда терористи, кои патуваат низ времето, сакаат да ја променат историјата. Инспекторот, иако смртно ранет, и’ посочува на Ана еден многу важен датум: деветти ноември. Но, за која година станува збор?
За да им побегне на моторџиите, Ана се крие во вариете театарот. Таму ја сретнува Хајдрун, а од инспекторот Огур дознава дека организацијата РАТАВА е во потрага по неа. Но, што сакаат РАТАВА и жената во црвено од Ана?
Играчот на компјутерската игра ја враќа Ана назад во продавницата на Паул Винклер за да ја земе музичката кутија. Одејќи натаму, таа им бега на моторџиите и во музичкиот театар повторно ја сретнува Хајдрун. Таму се појавува и инспекторот Огур, за да ја праша Хајдрун каде е Ана.Тој претчувствува дека Ана се крие во театарот и ја предупредува дека РАТАВА е во потрага по неа. Одненадеж се појавува и жената во црвено. Што сака таа од Ана?
Comments
Top Podcasts
The Best New Comedy Podcast Right Now – June 2024The Best News Podcast Right Now – June 2024The Best New Business Podcast Right Now – June 2024The Best New Sports Podcast Right Now – June 2024The Best New True Crime Podcast Right Now – June 2024The Best New Joe Rogan Experience Podcast Right Now – June 20The Best New Dan Bongino Show Podcast Right Now – June 20The Best New Mark Levin Podcast – June 2024
United States