DiscoverMonika Zec Audio Blog
Monika Zec Audio Blog
Claim Ownership

Monika Zec Audio Blog

Author: Monika

Subscribed: 28Played: 46
Share

Description

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!

23 Episodes
Reverse
Добредојде во уште една епизода од мојот подкаст! Овој пат зборувам за кампувањето – како изгледа кога летниот одмор е во камп. Дали сте размислувале некогаш да кампувате со децата? Дали тоа е авантура или само уште една компликација на одморот? Во оваа епизода споделувам наше лично искуство како семејство кое ужива во кампување, а одговарам и на неколку ваши прашања поврзани со логистика, организација и комфор. Ако ви се врти по глава идејата за лето поминато во камп – оваа епизода ќе ви дад...
Во оваа епизода зборуваме за семејството како систем што го градиме секојдневно. Системите се дел од нашето секојдневие, а семејството е еден од најважните. За еден семеен систем да биде здрав и стабилен, според мене потребно е планирање и поставување цели. Планирањето создава основа за функционално и хармонично семејство. Во хаосот на секојдневието, често се губат приоритетите, но замислете како би се промениле работите ако вашето семејство има јасен план и заеднички цели. Кога го негуваме ...
Поставувањето цели за секоја нова година е како ритуал за мене, нешто што го негувам веќе неколку години. Овој процес не е само обична задача, туку момент за размислување, планирање и креирање визија за годината што претстои. Поставување на цели, заедно со креирање на vision board е нешто што мене ми дава смисла и насока, јаснотија за тоа што навистина сакам да постигнам, но и чувство на контрола врз патот по кој се движам. Целите не се само листа на желби; тие се алатка што ми помага свесно ...
Неодамна ја слушнав оваа порака: „When you press the pause button on a machine they stop. But when you press the pause on a human being they start.“ Од тој момент, оваа мисла е постојано со мене. Често, во бурни денови и тешки ситуации, забележував како нетрпеливоста и силниот порив веднаш да го решам проблемот ме водат кон стрес и вознемиреност. Вчера, по многу обиди и грешки, за првпат успеав навреме да се препуштам на паузата, и токму тогаш чуда почнаа да се случуваат.
Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ! Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ. Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она што поинаку го направив сега отколку со првото. Од менување на мојата перспектива и очекувања, до...
loading
Comments