DiscoverТик Так и Зорка
Тик Так и Зорка
Claim Ownership

Тик Так и Зорка

Author: Тик Так и Зорка

Subscribed: 21Played: 419
Share

Description

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Се она што го пропушти на радио, сега може да го слушаш и како подкаст, кога сакаш и каде сакаш.
222 Episodes
Reverse
Вторник, 420

Вторник, 420

2021-04-2035:13

Денес во утринската со ТикТак и Зорка се потсетуваме на најубавите благи задоволства од детството. Што најмногу јадевте вие? И дали имавте чипи-чан виртуелен другар? Решаваме мистерија и ве прашуваме дали би се откажале од секс во замена за патување? Одговорите ќе ве зачудат. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Утринава дебатирама за домашна работа во брак, црн фонд- дали го практикувате и зошто не и дали треба да се купува поскапо за да се заштеди?  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Што содржи просечна балканска (македонска) куќа? На тема слава и сервиси за јадење, дали се сеќавате на Славаските протоколи? Дали купувањето златник за новороденчиња може да се замени со купување на криптовалути? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
ТикТак и Зорка, во недостиг на кафани и дружба, се потсетуваат на тема "келнери"- што е потребно за еден келнер да биде добар келнер и со кои имиња им се обраќате на келнерите? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!
Зошто Швајцарците закопуваат гаќи и каква е поврзаноста со машкиот карактер и видот на гаќите кои тие ги носат? Кои три намирници имаат ист вкус ако се јадат со затнат нос? Ова  се само дел од работите кои го обележаа денот. Се што пропушти утринава., сумирано во 30 минути. 
Тик Так и Зорка денес решаваат мистерии на тема: Колку начини постојат за да се одговори прашањето "Како си?" И кој е најчестиот? Дали го знаете сметањето на деновите според календарот на Тик Так? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Утринава дознавате чии маж прави мекици, додека жената ужива во мајчинството. Кои се најинтересните правила во бонтон и дали жената оди од лево или од десно на мажот? Колку ги чинеше пикникот во Дојран слушатели од Штип? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Тик Таки Зорка утринава на тема: "Зошто жените молчат?" И кои бабини совети (не)треба да ги послушате доколку сакате долг и успешен брак? Дали снегот ги изненади повторно македонија пат? Во Скопје сонце, кон Охрид снег! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Детска пошта, миризливи пликца и сликички... се навраќаме наназад низ времето, аобиравте ли и Вие? Како кинезите го решиле крадењето на тоалетна хартија во јавните тоалети? И колку е тешко/лесно да звучиш секси на некој од македонските дијалекти? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 
Што е тоа "сивосекусалност" и "алосексусалност"? Уште рано изутрина решаваме животни мистерии! Зошто Путин е избран за најМАЖ во Русија 10-та година по ред на скоро свои 70 години? Тик Так и Зорка изненадени од повикот на бивш пациент во 8ми Септември. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 
Тик Так и Зорка денес ја разоткриваат мистеријата и симптомите, на состојбата наречена "урок". По кои принципи и правила се водат пензионерите при избирање на леб, наутро? И како се постапува при контакт со лице со титула ДИРЕКТОР? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!
Априлилили на Радио 2. Тик Так и Зорка го стартуваат новиот месес со досетки за сообраќајот, а бидејќи се шегобојци во текот на целата година, денес решија да бидат сериозни... ама не им успеа! Битолцизми и дешифрирање на дел од најкористените зборови во Битола. Што пропуштивте, сумирано во 30 минути. 
Тик Так и Зорка денес ве враќаат  во 80тите на тема патувањата со тогаш популарните и највозени автомобили во Југославија. Кој што возеше и на што се сеќавате? Каква е историјата на популарното возило Лада и на Југото? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Што се би откриле археолозите во 2185та околу фонтаната на плоштад? Што докторите би можеле да научат од ветеринарите и како птиците и бракот се поврзани? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 
На Тик Так и Зорка, Понеделник им се падна во Недела. Дознајте како изгледа новата предлог маска против Ковид 19 измислена од научник од Мексико. Каде избегаа Македонците овој викенд и каква е таа весела математика со која се послужија нашите? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 
Тик Так и Зорка утринава Ви ја откриваат мистеријата и тајната на имињата. На тема имиња, кои се новите имиња на улиците? Кратко роденденски разговаравме со инспитативна 80 годишна госпоѓа која ни го разубави денот. Каква врска има загадувањето со машкоста? Што пропуштивте утринава,сумирано во 30 минути. 
Дали спиеш со спуштена ролетна и 100 snooze аларми? Кои се најважните 90 минути од ноќта? Како со апликација за мобилен телефон да пресметаш колку тоалет хартија ти треба?Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 
Да или не за кафе со бившата/бившиот? Колку е паметна идеата и колку е реално она што на муабет изгледа лесно? Мноооогу јавувања и спротиставени размислувања. Дали е лесно да си возач на брза помош открива нашиот роденденец. Што пропуштивте преслушајте овде
Зошто аплаудираме кога слетува авионот? Измисливме нови, Македонски, хороскопски знаци.Што сакаат да бидат кога ќе пораснат денешниве деца и колку тоа е променето од наше време? Одговори на сите овие прашања ќе најдеш овде, во вторничкото издание на Тик Так и Зорка
Првиот и вториот ден на пролетта ги одбележи снег. Контрадикторни информации за состојбата на патиштата од различни краеви на земјата. Дали постои човек кој успеал да стави чамци на возило? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 
loading
Comments 
Download from Google Play
Download from App Store