Discover
Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка
Author: Тик Так и Зорка
Subscribed: 40Played: 1,004Subscribe
Share
© 2025 Тик Так и Зорка
Description
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
735 Episodes
Reverse
Send us a text Во вториот училишТен ден Тик Так и Зорка ја решаваа мистеријата за линијата на пешкирите, односно фротир КРПИТЕ со помош на слушателите. Колку креативност е потребно за да продадеш половен автомобил? И дали е подобро да купиш автомобил возен од дедо или возен од баба? Колку си одговараат Тик Так и Зорка? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Send us a text Нова сезона, број 10, стартуваше на првиот училишен ден. Две бизнис идеи, многу смеење и дел од патешествојата на Тик Так. Се охрабривме и ги прочитавме најинтересните критики упатени кон Тик Так и Зорка.Сѐ што пропуштивте ова утро, ви сумираме во 30 минути
Send us a text Денес Тик Так и Зорка си го замислуваа пристигнувањето на Тик Так во Скопје. Што е потребно за совршен пречек? Дали ќе успееме да ги измодернизираме некои од постарите професии? Кој изгуби предизвик пееше ќе дозаете ако преслушате се што пропуштивте.
Send us a text Четири нови модерни професии, музчко образование и последен поздрав до Ози Озборн. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Send us a text Денес Тик Так и Зорка, во поинаков Вторник ви раскажаа за храната во Португалија. Каква е португалската сарма? Вашите професии во модерно издание. Што пропуштивте, преслушајте овде.
Send us a text Денес во духот на концертот кој направи разлика во начинот за негување на тајните љубовни врски, извлековме поука и откривме кои се концертите на кои можеби би простиле неверство. Модернизиравме 3 професии по ваш избор и бевме сведоци на огромната победа на Тик Так над Зорка. Ако пропушти, преслушај овде
Send us a text Денес Тик Так и Зорка ги измодернизираа и ги модифицираа дел од работните места кои вие ги побаравте. Кои се најчудните но фино платени работни позиции? Денес научете 3 нови зборови кои може да го користите во секојдневниот разговор. Се што пропуштивте, преслушајте овде
Send us a text Тик Так и Зорка денес ви ја раскажаа историјата на спам пораките и важноста на умниците во нашата вилица. Постојат многу прашања без одговор, но на 6 од нив Тик Так експертски ќе одговори. Музички предизвик со апсолутен победник. Како ќе се снајде губитникот со предизвикот? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Send us a text Во денешното издание на Тик Так и Зорка, зборувавме за можностите на пензионерите за дополнителен приход, одбирањето на совршена лубеница и оговарачот Чат Гпт, кој ни зборува позади грб. Денес, за прв пат, Зорка погодува музички предизвици. Кој ќе победи? Што пропуштивте денес, преслушајте овде
Send us a text Аудио стратегот и Директорка на утринскиот наратив, ова утро, заедно со Менаџерот на етерски вибрации, го отворија прашањето за искреноста и директноста на огласите за вработување на компаниите. Како би звучело вашето работно место ако му дадеме модернистичка титула? Што се пропуштивте утринава? Преслушајте овде
Send us a text Денес Тик Так и Зорка продискутираа на тема вештачката интелигенција, и нејзината широка примена во се и сешто. Дали знаевте дека 70% од кавгите започнуваат заради тоа што некој е гладен? И дали во македонските компании има простор за рубриката " слушаме, но не осудуваме". Се што пропуштивте, преслушајте овде
Send us a text Денес Тик Так и Зорка ве едуцираа за најпопуларните ликови од Тик Ток, колку од нив ги знаете? Социјален екперимент на тема вниманието додека зборуваме на телефон. И кој денес има казна, а кој победа? Се што рпопуштивте, преслушајте овде
Send us a text Тик Так и Зорка ова утро ви го презентираа звукот на ладовината. Како Тик Так ќе успее да ве излечи против разни болештии и дали ја знае својата конкуренција? Многу факти, малку казни и многу смеење. Ако не пропуштивте утринава, преслушајте не овде
Send us a text Денешното Ретро петочно издание на Тик Так и Зорка го одбележа квизот на Тик Так, неговите 2 порази и придобивките од рицинусот. Ако пропуштивте, преслушајте овде.
Send us a text Тик Так и Зорка ова утро ве постесија на важноста на топ 5 кругот на пријатели и нивните 12 минути. Што кога Елон Маск ќе ти побара пари за бензин на авионот? И како звучи казната, односно предизвикот на денот? Ќе му донесе ли среќа или помош шефот на Тик Так? Се што пропуштивте, преслушајте овде.
Send us a text Тик Так и Зорка ова утро ви ја раскажаа историјата на ќебапот. Дали знаевте кои се 10те најгледани видеа на YouTube во овој момент? И каква казна ќе добие денес Тик Так за реализирање? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Send us a text Тик Так и Зорка денес во поинаков Вторник, зборувавме за животот на круз и ситните букви кои никој не ги чита. Каква беше свадбата на Џеф Безвесос? Ќе успее ли Тик Так да ги погоди сите предизвици кои му ги даде Зорка? И каква беше реализацијата на казните и предизвиците? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Send us a text Дали после одмор треба уште два дена одмор за да се одмориме од одморот? Како Зорка за малце ќе останеше радиска вдовица и кој го доби понеделничкиот предизвик? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Send us a text Ретро петок со нов предизвик за Тик-Так. Кој победи овој пат?
Send us a text Денес денот го почнавме со фокус и порака до универзумот "Време е да се збогатиме". Масажа, танц и смеење како алатки до подлабок џеб. И денес музички квиз! А кој победи? Ако пропуштивте, преслушајте овде.
Comments