DiscoverMonika Zec Audio Blog
Monika Zec Audio Blog
Claim Ownership

Monika Zec Audio Blog

Author: Monika

Subscribed: 23Played: 44
Share

Description

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!

19 Episodes
Reverse
Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката. Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на с...
Родителството за мене лично беше најголемиот повик за раст и развој.Родитеството за мене е една од најголемите улоги кои јас можев да ги добијам во мојот живот. Улога која ме натера да се преиспитам колку знам и колку всушност не знам. Улога кога ми кажа дека е време за промени, време за превземање на одговорност и константо работење да бидам подобра личност.Родитеството ме натера да согледам што се граници, што всушност се навики, рутини и колку голема улога имаат тие во животот на едно дете...
Улогата на личните границите е клучна во сечиј живот, и истите имаат големо влијание врз нашата среќа и квалитетот на животот.За жал живееме во општество каде што секојдневно се соочуваме со преминување на тие наши лични границите и некако сме навикнати дека тоа е во ред, а всушност не сме ни свесни колку не е.Живееме во опшество каде постои патерн на однесување и тоа се пренесува од генерации на генерации, но за среќа денес благодарение на сите информации и податоци можеме заедно да ја подиг...
The only things making you unhappy are your thoughts. Уште една лекција која животот ми ја наметна е колку моите мисли се тесно поврзани со мојата мојата среќа и среќата на моите најблиски.Во моментот кога ќе сфатите дека решението на сите проблеми се вашите мисли ќе сфатите колку голема контрола имате врз многу работи, вклучувајќи ја и вашата среќа.Проблемот не е во проблемот, туку во вашето размислување. Променете го начинот на вашето размислување и со тоа ќе го промените и квалит...
Оваа недела мој гостин е Марија Илкоска, или повеќе позната по профилот развој низ игра на инстаграм. Специјален едукатор и рехабилитатор за деца, меѓутоа пред се една феноменална мајка на две мали деца.Оваа недела со Марија разговараме на тема родителство и улогата на родителот во животот на децата. Разговараме на заеднички теми се со цел да ја подигнеме свесноста кај родителите, кај мајките.Но исто така разговараме и на тема самостоја игра кај децата и нејзината огромна улога во растот и ра...
Нова сезона нови почетоци!Со доаѓањето на есента за мене лично ова е време за нови почетоци. Време е да ги отфрлам сите оние работи коишто не ми служат и да направам место за се она ново што треба да дојде.Превземање на одговорноста за самите нас и будење на свесноста како примарни фактори за било каков почеток се едни од основните алати за креирање на тој позитивен mindset и за култивирање на истиот. Во моментот кога ќе сфатите дека вие имате право да одберете поинаку секој ден, тогаш ќ...
Во нашата земја сметам дека постои огромен проблем со децата и храната и е нужно потребно се повеќе и повеќе да се зборува на оваа тема се со цел да се едуцираат се повеќе и повеќе мајки.Ова е еден од оние проблеми коишто е клучно да се решат според мене за доброто на детето, а и на мајката. Сметам дека не е хумано и не е фер мајката секој ден да поминува низ толку голем стрес и грижа дали детето е јадено или не.Но според моето искуство главен причинител за овој проблем е стравот, стравот од ...
Оваа епизода е повеќе неменета за бизис аспектот на мојот живот, и што точно значи една мајка денес да води свој сопствен мал бизис.Можеби навидум тоа изгледа доста лесно и едноставно, но водењето на свој сопствен бизнис, додека покрај себе имате едни мали рачиња зафатени околу вас, може да е голем предизвик и бара огромна борба, посветеност, самодисциплина и упорност.Но доколку човек го работи она што го сака, она што го исполнува и прави среќен, јас лично мислам дека тоа е таа сила што ги д...
Спиењето кај децата е една од оние табу теми кај нас и сметам дека на оваа тема не се зборува многу од причина што многумина би биле осудувани. Но ако зборуваме јавно на оваа тема сметам дека многу мајки ќе можат да согледаат дека имаат и друг избор, избор којшто можат да го направат и којшто потенцијално може да им го промени животот.Редно време е да почне да се зборува и да се почитува слободата на изборот на една мајка. Мајчинството е она што ние како мајки го правиме за нас, нашите деца, ...
Поддршката на вашето ментално здравје честопати може да звучи престрашно и многу комплицирано, поготово поради стигмите коишто кружат во нашето општество за тоа што точно претставува менталното здравје.Но, сметам дека многумина не се ни свесни за улогата на менталното здравје за поубав и посреќен живот. Во оваа епизода ми се придружува мојот личен тренер, Елена Џебр, магистер по психологија, но истовремено и мајка, којашто и од личен, но и од стучен аспект зборува за улогата на менталнот...
Новата година е совршено време за нов почеток. А мислам дека во оваа на сите ни треба нов почеток повеќе од било кога. Верувам дека за многумина изминатата година беше навистина тешка, и дека е тешко човек да се соочи со иднината, поготово после се она што се случи во 2020. Сите сме свесни дека иднината носи многу непознати работи и многу неизвесности.Ако се чуствувате малку изгубено и не знаете од каде да почнете, а сте спремни за нов почеток ислушајте ја оваа епизода и дозволете ми да ...
Self Care или грижа за себеси е една од оние теми која што кај нас речиси и да не се зборува.Една од оние теми која што дирекно е поврзана со нашето ментално здравје.Многумина не се ни свесни што всушност претставува грижата за самите себе. Не можат да сфатат дека човекот треба да се вреднува себе си подеднакво како и другите.Но тоа е така зошто ние, како општество, не сме научени на тоа. Ние сме учени дека треба да им помагаме на другите и да ги ставаме туѓите потреби пред нашите.Но секој од...
Ова е мојата приказна за мојата организација на моето време.Како некој кој што веќе 4 години работи од дома, freelance, откако станав мајка почнав постепено да станувам свесна што за мене значи моето време.Почнав полека да ја сфаќам вредноста на истото, и колку времето е единствено нешто со кое што апсолутно никој не може да управува.Откако увидов дека моето време го трошам на многу непотребни и некорисни работи, работи кои што ме прават несреќна, не ме исполнуваат, сфатив дека е време за про...
Конечно се решив дека е време за аудио запис. Во блиска иднина и подкаст. Се работи на случајот.Сметам дека ваквиот вид на ширење на информации, на пораки, може да е доста покорисен за многумина.Од причина што може истовремено да слушате додека чекате ред во банка. Додека готвите, чистите, спремате ручек. Но исто така е еден добар начин за подобро да ме запознаете мене. Мојот тон, начинот на кој што ги изговарам зборовите.Знам дека е далеку од совршено, но искрено решив да пробам, сѐ со цел д...
Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ!Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ.Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она што поинаку го направив сега отколку со првото.Од менување на мојата перспектива и очекувања, до засп...
Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024! Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар.Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мајка, зошто бебињата се целосно невербални суштества, и еднинствен начин за комуникација им е пл...
Јас премногу верувам дека животот е во малите нешта, поточно во малите навики. Како ги поминувате вашите утра, како зборувате самите со себе, што е она што го јадете или можеби читате. Со кого и на што го трошите вашето време и вашата енергија директно има влијание врз квалитетот на вашиот живот. Тоа се работите што го менуваат вашиот живот. Нашите секојдневни навики и рутини го обликуваат секој аспект од нашите животи. Ако сакате промена, менувањето дури на една мала работа во вашето се...
Comments 
Download from Google Play
Download from App Store