DiscoverЗбориме Реално
Збориме Реално
Claim Ownership

Збориме Реално

Author: Мартин Анастасовски

Subscribed: 3Played: 18
Share

Description

Збориме реално со Мартин Анастасовски на најразни теми.
20 Episodes
Reverse
Душица Брачиќ е антрополог и демонстратор на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ. Во епизодата начнуваме што претставува антропологијата, важноста на оваа наука, сферите на истражување и интерес на Душица, примените на антропологијата во општеството, но и во деловните компании, и многу повеќе. Воведната трака, Мотивационен Постер, е дело на електронскиот музичар Димитра, од нејзиното EP издание кое ќе го најдете овде: https://sharla.bandcamp.com/album/zivot-vo-zivo-ep
Марјан Стојаноски има пасија за иницирање и водење на културни манифестации во Македонски Брод. Исто така, тој ги има посетено речиси сите градови низ Македонија со авто стоп.Воведната трака е Last Expedition - Шефе
Теренс МекКена (16.11.1946 - 03.04.2000) беше етноботаничар и мистик од САД. Поради една од неговите омилени сфери на интерес, тој беше и сеуште е сметан за психонаут и бард на психоделичните растенија. Неговото огромно знаење го преточува во чудесни лекции проткаени со фасцинантни податоци и увиди за човештвото. Во овој говор од 1995 година, насловен Криза на Свеста, МекКена зборува за истрошениот културолошки модел на западот, односно на денешното потрошувачко општество, и можноста за применување на модел што ќе ги поправи штетите што настануваат од нашите, сеуште, актуелни заблуди, фасцинации и стравови.
Емил Ниами е автор на повеќе од шест научни трудови од областа на рускиот и македонскит јазик, како и автор на книгата Вовед во Славистиката, издадена во јануари, 2024. Книгата може да се најде во книжарницата Полица. Воведната шпица со наслов Мираж е на бендот Луфтханза.
Дана е инструктор по Таи Чи Чуан и автор на книгата Древната Војна со Стресот. Со Дана зборуваме како кинеската медицина и психо-физичката (боречка) вештина на Таи Чи Чуанот го поимаат и третираат стресот. Дознајте повеќе за „приземјување“ на организмот, виталната енергија наречена Ќи, како да ја најдеме рамнотежата кон поисполнителен живот и друго. Воведната музика е Мелодија од Бистра на Стефче Стојковски Дознајте повеќе за школото за Таи Чи и останати активности на Дана на нејзиниот профил на Фб: https://www.facebook.com/dana.siljan
Јован Чифлигароски бил дел од неколку бендови со авторска музика и настапува редовно во кафичи и клубови низ Македонија со „кавер“ бенд. Неодамна тој го започна проектот Red18, кој звучи мошне уникатно. Веќе во најава е нивниот прв албум а на нивниот јутуб канал можете да слушнеме две траки. Со Јован паѓа добар муабет на тема музицирање, плановите на бендот Red18, (не)застапеноста на домашни изведувачи во медиумите и друго.   Воведната нумера е Kingdom of Lies на Red18.
Сара Александровска е музичар, композитор и вокалист на групата Авелина. Таа е студент по филмска режија а средно завршила во ДМБУЦ Илија Николовски - Луј како музички теоретичар.  Со Сара разговараме за непедагошкиот и груб однос на некои професори во ова средно училиште, што во знаело да ескалира до степен на понижување и психолошка тортура врз некои ученици.  Воведната песна во епизодата е Авелина - Земја. 
Горазд Китановски - Кени е поет, автор на неколку самоиздадени збирки, познат по неговите поетски читања во автобусите на јавниот превоз. Горазд води тековен проект за создавање на поетска збирка со помош на „случајните патници“.  Тој е учесник и коорганизатор на поетскиот фестивал „Мале мале“ во Берово, кој се одржува на 30 и 31 јули, 2022. Со Горазд разговараме и за тоа како се одразуваат бугарските блокади на духовното здравје, и како да ги надминеме за да излеземе подобри од уште еден историски предизвик за  Македонија. Воведната песна е дело на Миа Перевска. Нејзиниот Јутуб канал е овде. #поезија #музика #метафизика #наука #историја #Македонија 
Збориме Реално 13 разговарам со Лиса Баута Шакири Лиса ми го плени вниманието со нејзините објави на фејсбук на актуелни теми, кои неретко ги пренесуваат порталите за вести кај нас. Лиса има свои ставови и гледишта, своја автентичност а такво нешто ни е потребно во  гледањето на нашето секојдневие.  Мислам дека темата меѓуетнички односи е далеку од исцрпена. Напротив, мислам дека е недоволно застапена а кога е, таа се обработува чисто политички а нам ни се потребни нови агли, нови сознанија, нови разбирања. Како за прв разговор, мислам дека опфативме нешто и од тоа.  Во секој случај, послушајте го разговорот, се надевам дека интелигентно ќе ви го исполниме одвоеното време.
Игор Раиден е еко и социјален активист, поет, автор, композитор на електронска музика и составен дел од таписеријата на урбани - а сепак „зелени“ двигатели во Скопје и Македонија.  Тој беше дел од избирачкиот список на независната листа за советници на Град Скопје, Зелен Хуман Град. Кај Игор во најава има неколку литературни дела - една кратка книга односно книже кое го одразува неговото размислување на тема вештачка интелигенција, потоа збирка поезија и роман во жанрот научна фантакстика - за кој ќе слушнеме нешто во емисијата.  Најавната нумера на подкастот е дело на Игор кој исто така учествова на годинешните глобални Гејм Џем настани, каде придонесува, меѓу другото, и со своја електронска музика.  Следете го Игор Раиден преку неговите социјални профили, до кои ќе дојдете преку неговиот веб сајт http://dreamdungeon.net/
Никола Ќурчиски е магистер во менаџирање со промени и меѓународен бизнис  и докторанд по политички науки при Руската претседателска академија  (РАНЕПА) и поранешен аналитичар на Центарот за ресурсна економија на  истата институција.    Тој работи во сферата на природни ресурси односно руди и минерали со  фокус на балканот и Украина.    Со Никола Ќурчиски разговараме објективно за руската инвазија на  Украина, за можните насоки во меѓународните односи и економијата што  Русија може да ги преземе наспроти продолжена изолација од Западот, за  причините што доведоа до оваа ситуација и како е можно таа да  деескалира.     Напомена: преземање на цитати од овој разговор е дозволено само со  претходно обраќање до авторот и/или соговорникот во емисијата.  Следете  го фејсбук профилот на Збориме Реално Подкаст:  www.facebook.com/zborimerealno
Игор Маџов е програмски директор на Startup Macedonia - агенција чија цел е да го зајакне екосистемот на стартапи и иновација. Тој има повеќе од десет години искуство како поддржувач на луѓе кои започнале или сакале да започнат свој бизнис. Со Игор разговараме на тема развој на бизнис заедницата во Македонија, значењето на корпорации за домашната економија, организациска само-поддршка на македонските производители, промоција на домашниот бизнис и друго. Воведната нумера е Небото над Скопје од Ал Фросе. 
Лео Поповиќ е дипломиран актер, музичар и писател-поет. Неговиот кантавторски проект „долорес“ го содржи неговото родено име, за што тој говори во подкастот. Меѓу другото, со Лео зборуваме за трансродовите идентитети, за предизвиците на трансродовите лица, и за психолошките состојби на еден млад човек кој се пронаоѓа себеси во светот и е во борба наспроти цврсто-упорените критериуми на конвенционалните идентитети и сфаќања.  Воведната трака е dolores - open waters
Во седмата епизода на Збориме Реално гостува Гоце Панговски. Тој е еден од неколку поединци во македонскиот интернет простор кои од ентузијазам, независно и самостојно се вложуваат кон објавување на досега непознати или неистакнати податоци од македонската историја - податоци кои ѝ пркосат на пропагандата на соседни земји чија цел е да ја искриволичи сликата за македонскиот идентитет и да ја разниша самодовербата на македонците во сопствената нација.  Со гоце збориме за спорот помеѓу Бугарија и Македонија и правиме осврт на една од причините за ветото, а тоа е негирање на постоењето на македонски народ преку нееднакво, ненаучно претставување на историјата пред домашната јавност и, несомнено, странската дипломатија. Меѓу другото, во разговорот со Гоце наведуваме неколку податоци кои во актуелните околности и однос на бугарската држава кон македонското прашање, нема никогаш да допрат до тамошната јавност.   Оваа епизода постои и како видео подкаст и може да се најде на Youtube каналот на Збориме Реално.  Следи разговор од час и половина со Гоце Панговски. 
Канабисот е непресушна тема на дискусија со оглед на историјата на ова растение, неговото културно-општествено значење и бројните податоци за позитивни здравствени својства кои се поддржани од клинички истражувања низ светот. Во оваа епизода зборувам со Јанаки Митровски - адвокат и поборник за легализирање на канабисот во Македонија кој бил учесник на голем број домашни и меѓународни настани на оваа тема. Тој е дел од работната група за легализирање/декриминализација на канабисот во Владата. Во разговорот со Јанаки правиме осврт на правниот лавиринт во однос на членовите по кои постапуваат судовите, законите во други земји, активистичкото делување, општествените  предизвици, ненадејниот „бум“ на компании што произведуваат канабис, можностите за бизнис и многу повеќе. Најавната шпица е траката Yavin Arcade на групата Brotherhood of Dada и може да се преслуша и спушти од издавачката куќа Дајте Друго Име.
Во оваа епизода зборувам со Ivo Bosilkov, професор по политички науки со специјализација во областа на медиумски ефекти врз јавното мислење, кој предава на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Со Иво коментираме крајно контраверзен научен есеј за климатските промени насловен Deep Adaptation, односно, Длабока Адаптација . Авторот на есејот, Џим Бендел (Jim Bendell) - професор на универзитетот Камбрија, ги критикува научните трудови во сферата на климатски и еколошки промени.  Тој изнесува податоци кои не доаѓаат до израз во меинстрим медиумите, но се исто така игнорирани или маргинализирани од страна на научниците... ... и смета дека светот треба да започне да ја третира веројатноста од евентуален општествен колапс кој може да настане поради драстични последици од промените во климата.  Неговиот став е дека негативните заклучоци за влијанието на климатските промени во академските журнали се балансираат со податоци од позитивен карактер, кои се во склад со таканаречената агенда за одржливост или sustainability agenda.  Голем број научници што се занимаваат со климатските и еколошките промени го критикуваат есејот. Најголемата критика е на етичка основа, поради тоа што текстот можел да ги доведе луѓето до разочарување и неактивност. Од друга страна, есејот наидува и на коментари на експерти што ги одобруваат изнесените ставови.  Заклучокот на професорот Џим Бендел е тоа дека треба да започнуваме да размислуваме како општествата би се прилагодиле на промените што можат да настанат од општествен и економски колапс.  (Најавната песна е „Кисело весело“ на Влатко Стефановски од албумот Cowboys & Indians)
Елмедина зборува за проблемите со кои се соочува Тетово и за активизмот во овој град. Според неа, со актуелниот однос од страна на политичките партии, граѓаните немаат увид во тоа што се дискутира за време на состаноците на градскиот совет и одлуките што се носат таму. Ме Мире пер Тетовен неделава започнува со собирање потписи за независна листа на локалните избори. Оваа независна иницијатива е дел од неколкуте кои целат на подобрување на демократијата и транспарентноста во носењето одлуки на ниво на град/локална самоуправа.
Збориме реално со Оги - култен диџеј кој активно се залага за легализирање на канабисот односно марихуаната.  Тој е основач на организација која е дел од консултациите во Владата на Македонија во однос на законот за легализирање на извоз на цвет од канабис и можното легализирање за лична употреба.  Воведната аудио трака е „Маријана“ на Џака Накот од албумот Реанимација.  Говорниот дел од воведот е извадок од филмот Easy Rider (1969).
Збориме реално со Драгана и Марјан - активисти за здрава животна средина и животински права. Тие се дел од иницијативата за независна листа за членови на советот на Град Скопје на локалните избори 2021.  Драгана е актуелен член на советот и настапува независно. Во емисијата ќе слушнете детали за работењето на советот, за еколошките предизвици, корупцијата, активизмот и друго. Воведната аудио трака е „Драги мој“ на Архангел од албумот Архангел 2 (1993)
Збориме реално за предизвиците со кои се соочуваат родителите на деца што се на спектарот на аутизам и за промените што сакаме да се случат со цел поголема и по-свесна општествена вклученост и разбирање.  Соговорник е Бојан Шашевски, новинар и татко на дете со аутизам.  Воведната аудио трака е Raven на Kismet од албумот Dreaming. 
Comments