DiscoverЗбориме РеалноЗбориме Реално 05: „Длабока Адаптација“ со Иво Босилков, професор по политички науки
Збориме Реално 05: „Длабока Адаптација“ со Иво Босилков, професор по политички науки

Збориме Реално 05: „Длабока Адаптација“ со Иво Босилков, професор по политички науки

Update: 2021-12-18
Share

Description

Во оваа епизода зборувам со Ivo Bosilkov, професор по политички науки со специјализација во областа на медиумски ефекти врз јавното мислење, кој предава на Универзитет Американ Колеџ Скопје.


Со Иво коментираме крајно контраверзен научен есеј за климатските промени насловен Deep Adaptation, односно, Длабока Адаптација .


Авторот на есејот, Џим Бендел (Jim Bendell) - професор на универзитетот Камбрија, ги критикува научните трудови во сферата на климатски и еколошки промени. 


Тој изнесува податоци кои не доаѓаат до израз во меинстрим медиумите, но се исто така игнорирани или маргинализирани од страна на научниците...


... и смета дека светот треба да започне да ја третира веројатноста од евентуален општествен колапс кој може да настане поради драстични последици од промените во климата. 


Неговиот став е дека негативните заклучоци за влијанието на климатските промени во академските журнали се балансираат со податоци од позитивен карактер, кои се во склад со таканаречената агенда за одржливост или sustainability agenda. 


Голем број научници што се занимаваат со климатските и еколошките промени го критикуваат есејот. Најголемата критика е на етичка основа, поради тоа што текстот можел да ги доведе луѓето до разочарување и неактивност.


Од друга страна, есејот наидува и на коментари на експерти што ги одобруваат изнесените ставови. 


Заклучокот на професорот Џим Бендел е тоа дека треба да започнуваме да размислуваме како општествата би се прилагодиле на промените што можат да настанат од општествен и економски колапс. 


(Најавната песна е „Кисело весело“ на Влатко Стефановски од албумот Cowboys & Indians)

Comments 
loading
In Channel
00:00
00:00
1.0x

0.5x

0.8x

1.0x

1.25x

1.5x

2.0x

3.0x

Sleep Timer

Off

End of Episode

5 Minutes

10 Minutes

15 Minutes

30 Minutes

45 Minutes

60 Minutes

120 Minutes

Збориме Реално 05: „Длабока Адаптација“ со Иво Босилков, професор по политички науки

Збориме Реално 05: „Длабока Адаптација“ со Иво Босилков, професор по политички науки

Мартин Анастасовски