Мегафон: Што ќе понуди новата Стратегија за млади?
Description
Новата Национална стратегија за млади за периодот од 2023 до 2027 година неодамна беше финализирана и претставена пред јавноста. Следниот чекор е таа да се усвои од Владата и да почне нејзината имплементација, но и фактички да ја замени веќе постоечката стратегија која моментално важи до 2025 година.
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Агенцијата за млади и спорт е институцијата која е задолжена да го спроведе и координира процесот на креирање на националната стратегија, која се изработува во соработка со повеќе страни. Во оваа епизода на подкастот Мегафон зборуваме со Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за тоа што сѐ опфаќа стратегија, како се планира таа да се спроведе, но и целокупниот процес на нејзината изработка.










![[ШОКАНТНО] е што медиумите прават за вашиот клик [ШОКАНТНО] е што медиумите прават за вашиот клик](https://s3.castbox.fm/5d/59/6d/7c272ee1ab7cd6080c464a3b7fadd612c2_scaled_v1_400.jpg)















