Подкаст: Пладневното кафе на една трансродова жена
Update: 2020-08-26
Description
Оваа епизода ги разгледува аспектите на дискриминација нанесена врз трансродовите лица.
Случајот којшто е опишан во овој подкаст е вистински и се има случено во С. Македонија. Сепак, името на жртвата, како и името на градот се променети од безбедносни причини.
Разговараме со Игор Јадровски, правник и проектен менаџер во областа на дискриминацијата во Хелсиншки комитет за човекови права.
По слушањето, предлагаме да размислите за следново:
1. Во кои аспекти се воочува дискриминацијата во претходно опишаните случаи во овој подкаст?
2. Дали вие некогаш сте искусиле или сте биле сведок на ваков или сличен вид дискриминација?
3. Како сте се чувствувале и која била вашата реакција во таа ситуација?
Comments
In Channel











