Discover
Обични луѓе

Обични луѓе
Author: Ilina Jakimovska
Subscribed: 20Played: 155Subscribe
Share
© 2020 Обични луѓе. All Rights Reserved.
Description
"Common People" is a podcast dedicated to real stories. Or ones that balance on the thin line between documentary and fiction.
Life stories. Archive ethnographic notes and interviews. Talks and discussions.
(in Macedonian)
Life stories. Archive ethnographic notes and interviews. Talks and discussions.
(in Macedonian)
39 Episodes
Reverse
Гробиштата обично ги посетуваме на погреби, помени, на празници како Дуовден или Задушница, кога и ја објавуваме епизодава. Но има луѓе на кои гробиштата им се секојдневие. Запознајте ја Бети Недељчиќ, која одржува над 300 гробови во Бутел. Секогаш дотерана и насмеана, таа раскажува за „милионскиот град“ и неговите жители. Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С3Е10 – Транскрипт
(aтмосфера од гробиштата)
ИлинаВелат секој човек треба да посети барем еднаш годишно три места: болница, лудница и гробишта. Ако не се најде таму, тогаш тој е среќен човек.Прво што направив кога син ми почна да поставува прашања за смртта беше да го однесам на гробишта. После спокојната прошетка,
Интимна приказна на човек кому животните премрежја му донеле и подеми и падови. Како дошло до тоа тој да стане бездомник и како неговата судбина го направила солидарен кон оние во слична ситуација.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е09- Транскрипт
Илина:Номадскиот начин на живот, тоа човек да не биде врзан за одредена локација, да талка и да не се грижи каде ќе прилегне кога ќе зајде сонцето, е чест мотив во популарната култура. Таа знае да го романтизира бездомништвото како принцип на врвна слобода. Иако тоа навистина може да биде свесен избор на поединци, причините за бездомништвото најчесто се болни, а самиот бездомнички живот полн со предизвици.
(Common P
Зафаќа речиси една третина од нашето тело, но ја нема во официјалните учебници по анатомија. Се споредува со рибарска мрежа или со пајажина, ткиво кое ги обединува внатрешните органи во една целина. Со оглед на нејзината сензитивност на емоции и стрес, велат дека можеби токму тука лежи она што го викаме „душа“. Што е тоа фасција?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е8 – Tранскрипт(Музика: Fascia – Music in Our Body)
Илина:Александар го познавам повеќе од десет години. Во неговата ординација прв пат влегов со неподвижно рамо и со големи болки. „Треба да се работи“, рече тогаш, цртајќи ми вежби со онакви човечиња од цртички, кои дури и такви, најпрости, делуваа насм
„Убавите жени во мојот народ/тие брзо прецутувале/како цут од кајсија/како мајски јоргован“. Вака пишуваше Блаже Конески за жените од минатото. И овие од сегашноста ја имаат истата нечујна издишка за неправдата која им ја нанесува времето. Тивка демографска група, „жените во години“ не се атрактивни за феминистичките каузи, медицинските списанија и модните трендови. Каде да се најде поддршка во време на „Големата промена“ за којашто никој не ги предупредил?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е7 Транскрипт
(фото горе: Густав Климт – „Трите доба на жената“)
Chat Baker – Little Girl Blue (instrumental)
Илина:Не се сеќавам на точниот ден, ниту колку години имав
Прв пат влегол во пештера на 12 години. Денес Дарко е спелеолог, инструктор и спасувач. За тоа како е шест дена да си на 1200 метри под земја. Што се „сидриште“, „асендер“ и техника на единечно јаже. И каков сеир знаат да си прават спелеолозите меѓу себе.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С3Е6 – Транскрипт
ИлинаПрвата и единствената пештера во којашто сум влегла е Грота гитанте, близу Трст во Италија. Во 1995 таа влегла во Гинисовата книга на рекорди како најголемата пештера отворена за посетители на светот. Кратко време по благото спуштање се отвора поглед кон огромна просторија која изгледа како катедрала. Во неа владее необичен спокој, со звук на понекоја кап
Во магацините на Народната и универзитетска библиотека работи најбогатиот човек на светот. Самиот се нарекува така, бидејќи располага со над 4 милиони книги. Друштво во осаменичката работа му прават духовите кои живеат меѓу нивните корици. Огромниот број полици и тесни премини позади тешката врата на која пишува „забранет влез“ создаваат мистична атмосфера, како за на филм.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е5 – Traнскрипт
(звуци на симнување по скали)
Илина:
Мојата врска со Народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски не се само книгите. Кога учев средно во Јосип Броз имавме предмет библиотекарство и во четврта година тука нè пратија на пра
Зоолошката градина во Скопје наскоро ќе полни 100 години. Формирана е во 1926, а денес има 50 вработени од човечки вид и 350 жители од 80 животински видови. Сигурно некогаш сте ја посетиле, но дали сте се запрашале – како е да се работи тука?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С3Е4 – транскриптИлинаВака звучи еден обичен мајски ден во Зоолошката градина во Скопје. Таа во последно време е често присутна во медиумите, по убаво. Пролетва тука се случи вистински бејби бум – се родија десетина младенчиња од различни видови, меѓу кои двогрба камила, валаби кенгурче, камерунски кози, најмалото мајмунче на светот од видот џуџест мармазет и најголемиот хит помеѓу
Немало човек што не го сакал. Верувал во Господ, дека Земјата е рамна и дека Елвис е жив. Менде од Баиро во Битола не беше имитатор на Елвис, туку уметник, кој за жал прерано го напушти овој свет. Неговата приказна ја состави гостинката-уредник, Душица Брачиќ.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
Музика – Train (снимка од концерт на Канал 103)
Менде: Јас едноставно само сум музичар, го свирам она шо го сакам, друга музика не ми треба да речам, ова ме исполнува мене и не ми треба, стварно не ми треба. Некои ми велат како не ти се здосади, па како можи да ти се здосади некоја работа која ја сакаш, не можи да ти се здосади. Можи, како да речам…можи… јас да
За оние кои никогаш не влегле во казино, тоа може да е место на престиж и гламур, или обратно, на разврат и криминал. Зборуваме со поранешна крупиерка за нејзините искуства и за тоа колку таканаречените „игри на среќа“ можат да бидат и забавни, и опасни.Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.S3E2 Транскрипт
(тема од Џејмс Бонд)
„Бонд секогаш беше коцкар. Го сакаше сувиот звук на мешаните карти и постојаната несочувствителна драма на тивките фигури околу зелените маси. Го сакаше строгиот, детално дизајниран комфор на казината, добро тапацираните фотељи, чашата шампањ или виски крај лактот, тивкото внимание и неизбрзаните движења на добрите келнери. Беше восхитен од непристр
Февруари, поради бројот на своите денови, е редок месец. Токму затоа е прогласен за месец на ретките болести. Но секоја дијагноза значи една човечка судбина, и најмалку една животна приказна. Ова е Ивана, која е многу повеќе отколку нејзината болест. Всушност, од нејзиниот став за животот можат да учат и многумина кои се здрави. За списокот нешта кои треба да ги направи секој човек за да знае дека живеел со полни гради. И кои не треба да се одложуваат.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С3Е1 – Транскрипт
MузикаNina Simone – “Feeling Good”ИлинаИвана ја запознав кога беше моја студентка на Институтот за етнологија и антропологија. Не знаев ништо з
Бевме генерација подготвувана да блесне, во нешто за што се веруваше дека е најдобриот од сите можни светови. Преку ноќ тој се распадна, а ние поминавме добар дел од животот обидувајќи се да се прилагодиме на новите околности. Што мислевме а што се случи? И што во следните 50 години?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.(А-ха, Анплагд верзија на Take on Me)
Илина:Веројатно е 1983. Имам 12 години и сум најбогатото дете во градот. Роднините од Австралија ми испраќаат нов модел Сони Вокмен. Има мазно тело, испакнати копчиња за „плеј“ и „стоп“, портокалови перничиња на слушалките и држач за на појас. Во пакетот има и една касета, „Трилер“ од Мајкл Џексон. Со навежбан потез ј
Ја викале нана Наде. Била физички силна и одлучна жена, која поради животните околности морала да ги земе мрежите и веслата в раце и да се отисне од брегот на домот под Канео. Денес нејзиниот глас можеме да го слушнеме благодарејќи на сочуваните архивски материјали. Но и преку спомените на нејзиниот внук, Ирак.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(звук на бранови)
„На двајс години јас се м’жив овде. Кого го барав овде во водава?“
(брановите продолжуваат)
Илина:
На жените од минатото често се гледа како на понизни, пасивни жртви на едно време и на неговите обичаи. Денешната приказна е малку поинаква – таа е за една жена која соочена со тешка животна си
Додека во Битола е во тек 42-рото издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ја раскажуваме приказната за фотографот Трифун Карабатак, низ оригинални автобиографски снимки и интервјуа со оние кои го познавале.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
Илина:Минатата епизода од подкастот Обични луѓе беше посветена на Нил Фолберг, американски фотограф кој во далечната 1971 неколку месеци престојувал во тогашна социјалистичка Македонија. Од тука заминал со 400 ролни филм, прекрасни фотографии на земјата и нејзините луѓе. Тие неодамна, по дури 50 години, прв пат беа издадени во форма на книга.
(влашка народна музика)Но назад во Америка тој не понел
На првата годишнина од подкастот „Обични луѓе“, епизода број 17 која раскажува приказна која долго чекала да биде обелоденета. За американскиот фотограф Нил Фолберг, кој во далечната 1971 поминал неколку месеци во Македонија, и од тука понел повеќе од 400 ролни филм. Дури сега, педесет години по нивното создавање, тие се објавени во форма на книга.
Верзија со македонски/англиски титл на Youtube
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С2Е7 Транскрипт
IntroВаска Илиева – „Ајде ред се редат кочански сејмени“ (од компилацијата „Билјана платно белеше“, ЛП, издадена 1971 oд Југотон)
[Neil Folberg]Folk music always spoke to me. This is how I came to Israel too. It’s th
Зоки, Билјана и Љубен се доставувачи, на онлајн нарачки, брза пошта, пици. Секој ден го шпартаат градот и излегуваат на крај и со најнервозните помеѓу нас. Кога следниот пат ќе дојдат на вашата врата, дајте им бакшиш. Затоа што го заслужуваат.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е6 – Транскрипт[Зоки]
Оваа работа е многу понапорна во однос на тоа што изгледа од страна. Би ја препорачал ако некој нема буквално што да работи подобро и ова да го работи отколку да седи дома. А до кога би ја работел најверојатно до пензија, бидејќи имам скоро 59 години.
[Билјана]
Многу ми е убаво. Така ко ќе си излезам на терен ми е многу убаво. (се смее)
[Љубен]
Да по
Поранешен библиотекар на катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет. Син на македонистот Крум Тошев. Роднина на револуционерот Пере Тошев. Но сето ова не е ни од далеку доволно за да се долови ликот и делото на гроф Љубимир. Гостин-уредник: Ѓоко Здравески.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е5 – ТранскриптИлина:„Љубимир Тошев е македонски раскажувач, полемичар и есеист.“
Вака гласи првата реченица од монографијата „Книжевници: наставници од Филолошкиот факултет“ во која е застапен главниот лик на нашата нова епизода. Од 1983 па до неодамнешното пензионирање работел како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Објавил
Во оваа епизода зборуваме за набљудувањето птици, или птичарењето, хоби или дел од професијата на нашите соговорници. За нејзино следење ви се потребни само двоглед, тефтерче и нешто за јадење.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е4ТРАНСКРИПТ
(музика)Грозда Стојановска – „Билбил пее во планина“ (народна)
Орел змијар, белонокта ветрушка, црнокрила блатна ластовица, славејче и грлица. Им завидуваме на супер-моќта да летаат, сакаме да ги слушаме кога гугаат, пеат и црцорат. Знаеме додуша и да им ги рушиме гнездата, да ги заловуваме или на друг начин да се замешаме во нивните инаку спокојни животи.
Птиците се моќен симбол во човечката култура. Но сепак најубави
Во оваа епизода зборуваме за, и со луѓе кои самите се опишуваат како „нердови“. Што подразбира овој термин, и дали има соодветен превод на македонски? Дали нерд се раѓа или се создава? Кои се предностите а кои мааните на тоа да си „бубалица“? Специјален гостин: Ѓорче Ставрески, режисер и ветеран во решавање судоку.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.ТРАНСКРИПТ
[аудио од серијата The Big Bang Theory]
“Ladies and gentlemen, our guest of honor, Dr. Sheldon Cooper.”
“Thanks shorty, I’ll take it from here.
All right, you people ready to have some fun?
You have a basic understanding of differential calculus and at least one year of algebraic topology?
We
Не се само за деца. Ниту пак само за забава. Друштвените игри се сериозно поле за културен натпревар меѓу играчите. Тие градат карактер и те учат дека може да се губи и да се добива. Како во игрите, така и во животот.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(звуци на фрлање коцка и играње)
Ова е снимка од домашно играње Катан. Комбинација на стратегија и среќа, таа е одлична илустрација за тоа колку човек може да се занесе играјќи друштвена игра, дури и во мало, но одбрано друштво од тројца.
(уште тече во позадина играњето)
Друштвените игри беа популарни и пред пандемијата. Но во текот на карантините почнаа да се вадат старите и одамна неотворени комплети „Ризик“
Во 1965 од печат излегува книга која содржи состави на 125 деца од цела Македонија. Во нив тие кажуваат што би сакале да бидат кога ќе пораснат. Каде се тие сега, и дали нивната желба им се остварила?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(музика, „Вули Були“)
1965-та.
На врвот на светските топ листи е Вули Були на Sam the Sham and the Pharaons.
Во американските кино сали почнува да се прикажува „Доктор Живаго“, со Омар Шариф и Џули Кристи.
Умира Винстон Черчил.
(Rolling Stones – I can get no satisfaction)
Ролинг Стоунси имаат прв број еден хит во САД.
Битлси го изведуваат првиот концерт на стадион во историјата на музиката, пред 60.000 луѓе.
Одлична епизода, добро сработено истражување.
интересна тема, само некако кратка ми беше :)