DiscoverОбични луѓе„Доставувачот ѕвони два пати“
„Доставувачот ѕвони два пати“

„Доставувачот ѕвони два пати“

Update: 2021-06-20
Share

Description

Зоки, Билјана и Љубен се доставувачи, на онлајн нарачки, брза пошта, пици. Секој ден го шпартаат градот и излегуваат на крај и со најнервозните помеѓу нас. Кога следниот пат ќе дојдат на вашата врата, дајте им бакшиш. Затоа што го заслужуваат.





Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.





С2Е6 – Транскрипт

[Зоки]





Оваа работа е многу понапорна во однос на тоа што изгледа од страна. Би ја препорачал ако некој нема буквално што да работи подобро и ова да го работи отколку да седи дома. А до кога би ја работел најверојатно до пензија, бидејќи имам скоро 59 години.





[Билјана]





Многу ми е убаво. Така ко ќе си излезам на терен ми е многу убаво. (се смее)





[Љубен]





Да пошто ја студирам музика, јас сум музичар и нема настани, нема свирки, нема ништо и ми беше предосадно и не знам почнав да барам работа и ми текна, викам чекај ај да пробам деливери никад неам работено да видам шо се дешава таму, у тој свет и искрено не зажалив.





(Илина)





Ова се Зоки, Билјана и Љубен. Она што ги поврзува е што сите во моментов се доставувачи – на онлајн нарачки, брза пошта, пици. Сервисите за достава имаа работа и пред пандемијата. Седиш дома по пижами, те мрзи да излезеш по храна, а и зошто, кога храната може да стигне до тебе. Во скопскиот сообраќај повеќе се исплаќа да платиш достава отколку да бараш паркинг. Но во актуелната пандемија доставата престана да биде каприц и луксуз туку стана потреба, а доставувачите знаат и буквално да им го спасат животот на оние во изолација, кои не смеат да излезат од дома.





(Common People)





Јас сум Илина Јакимовска. Оваа епизода од подкастот Обични луѓе им ја посветуваме на доставувачите кои секојдневно го шпартаат градот, пренесувајќи нарачки, храна, подароци. Останете со нас.





Илина:





Зоран доставува производи кои се продаваат онлајн. Користи автомобил, и не е на процент, туку на плата од која вели дека се живее просечно. Бакшиш има, ама така-така. Со него разговараше Наталија.





[Зоки]





Еден од најголемите проблеми во оваа работа е што голем дел од испорачувачите на пратки се несериозни, непрофесионални па дури и преваранти и фантомски фирми коишто се служат со превара и ги лажат муштериите со лажни слики со лажни реклами и со нереални цени и она што треба државата да направи е да направи строга контрола кој може да се занимава со онлајн производи.





[Зоки]





Најлоши моменти се кога луѓе кои се незадоволни од производот мислат дека доставувачот е виновен за тоа. Кога немаат доверба во доставувачот и мислат дека им подметнува лош производ. Одбиваат да примат производ заради тоа што не им е испорачано тоа што го нарачале. (Караници?) Караница имало зошто да плати 150 денари достава ако смета дека не треба. Или ако врши замена на производ зошто да плати услуга а смета дека е вина на испорачувач. Или зошто сум му доцнел со испораката. Или зошто е оштетен производот. Разни типови на проблеми.





[Зоки]





Значи одредени приматели на роба се малку препотентни, одредени и сметаат дека треба точно во време кога нив им одговара да им се однесе пратката. Или ако не се на адресата која е означена на пратката ја треба да им ја однесам 10 км понатаму, или ако е пратката адресирана на домашна адреса, а тој е на работа, смета дека ја треба да одам кај него на работа. Слични ситуации.





(Илина)





Ова се според него најголемите маани на неговата професија. Но има и моменти кога се чувствува дека неговиот труд се исплател.





[Зоки]





Кога тој што ќе ја прими пратката е задоволен, и кога ќе рече дека сум му ја доставил доста брзо и експедитивно и кога сум почувствувал дека е навистина среќен што ја примил пратката. Познанства нема затоа што не остварувам блиски контакти со тој што ја прима пратката и нормално најубаво е кога ќе рече задржи го кусурот (смеење).





(Илина)





Зоран вели дека пандемијата го зголемил бројот на нарачките, и тоа многу. Ризикот за зараза на доставувачите е голем, затоа што тие се постојано во допир со производи, со готовина, постојано допираат кваки, копчиња на лифтови. Но и во нормални околности има различни предизвици. На пример – ако си осум часа на терен, каде да одиш во Ве-це?





[Зоки]





Сабајле кога доаѓаш во фирма прво што правиш си ги распределуваш пратките и си ги делиш со колегите, кој во кои реони оди, и кој по кои улици треба да се движи. Товарење, преземање на роба со документација, и тргаш на улица, според адресите коишто ги имаш. Додека не ги поминеш сите пратки. Кога ќе ги завршиш сите пратки се враќаш назад во фирма, тоа што не е испорачано го враќаш назад, се раздолжуваш финансиски. (Кога пиеш кафе?) Скоро и да не пијам кафе. Евентуално наутро пред да се натовари робата и пред да се распредели може да се напиеме имаме кафемат на работа. А друго, кафе во кафиќи или на кафемати низ град, тоа не. (А каде одиш во тоалет по цел ден?) Тоа е веќе парола снаѓи се, дали е бензинска пумпа или грмушка, тоа е многу релативно.





Оваа работа е многу понапорна во однос на тоа што изгледа од страна. Би ја препорачал ако некој нема буквално што да работи подобро и ова да го работи отколку да седи дома. А до кога би ја работел најверојатно до пензија, бидејќи имам скоро 59 години.





(песна, Delivery Man – Cruel Sea)





<figure class="wp-block-image size-large"></figure>



[Билјана]





Истовремено беше тоа, возев точак активно, многу активно, и така ми дојде идејата. И почнав у 2016 таа идеја ми дојде и нели после искуството у приватниве сектори повеќе години си реков па зошто да не се занимавам јас со свој бизнис. А да има и бизнис цел и да придонесам у нели заштита на средината, загаден воздух. Скопје е доста загадено ние сите ако нешто правиме тоа ќе биде супер во заштита на животната средина.





(Илина)





Билјана е необична доставувачка по најмалку две основи. Прво, затоа што иако е сопственичка на фирмата за брза пошта, до ден денес не се откажува од излегувањето на терен и разнесувањето пратки. Второ, што во нејзината фирма најголемиот број доставувачи се девојки и жени, прилично необично за наши услови. Нејзиниот став во однос на доставувачката работа е сосема спротивен од оној на Зоки – весел и оптимистичен. Просто да посакате да работите за неа.





[Билјана]





Да, да. Тоа е секојдневие кај нас. Мислам дека тоа е заслуга на доставувачите, затоа што тие се фини, комуникативни, така ја тераме целата приказна на фирмата и мислам дека тоа е заслуга на целата фирма, ако се они среќни така барем е мојата филозофија, среќни ќе излезат на терен и убаво ќе се понашаат со клиентите. Има многу познанства, многу пријателства и клиентите се задоволни, нашите се задоволни, сите се задоволни.





(Илина)





Ако има проблем, тоа не е толку со клиентите, колку со лошата инфраструктура и сообраќајот.





[Билјана]





Тоа е еден како голем проблем што немаме ние доволно инфраструктура во велосипедските патеки. И тие што ги има не се доволно безбедни, затоа што не сме ние како народ едуцирани каде треба точаците, каде треба пешаците, каде колите. Тоа е најголемиот проблем во оваа работа.





Многу е тешко, еве пример на Рузвелтова, нема никаква патека за точаци, има на тротоари коли, точакот мора на улица. Еве мене ми се десило, јас идам со точакот вршам достава, идам на улица ме застанува полиција и ми вика зошто возиш на улица. Јас викам господине, те молам кажи ми кај да возам затоа што немам кај да возам. Па добро не може да возиш на улица, епа немам кај, преку колите не можам да возам, морам на улица. И сега и он се наоѓа во небрано, не може да ми пише казна, не може да ме кара, не може ништо.





(Илина)





Како изгледа еден вообичаен работен ден?





<figure class="wp-block-image size-large"><figcaption>Специјалниот доставувач – Бубу</figcaption></figure>



[Билјана]





Од сабајле се доаѓа на работа се пие. Се кажуваат искуства од претходниот ден кој како поминал, што му се десило, секој има некоја случка да раскаже. Се распоредуваат пратките по реиони по приоритет нормално има приоритетни ван неговиот реон на некого што ќе однесе. Ги доставуваат пратките со комуникација меѓусебна цело време нормално. Се враќаат во канцеларија, се пие кафе пак, се распоредуваме се организираме за следниот ден и тоа е тоа.





(Илина)





Што се однесува до тоа зошто ретко се среќаваат девојки-доставувачки, ова е нејзиниот коментар:





[Билјана]





Мислам дека тоа е од нашите традиционални сфаќања, дека не треба да има девојка доставувач, дека она не може да го работи и не треба да го работи тоа. Ние сме имале случка, еден период имавме некои достави за Охрид и отидовме таму цел тим да ги завршиме тие достави за еден ден и да се вратиме. И таму не’ гледаа сите како ние да сме од некоја друга планета симнати. Не’ прашуваат вие кои сте шо сте, ние кажуваме, а не вика не може, нема женски поштари (се смее). Ама ние не сме поштари, ние сме доставувачи. И на нив им беше баш чудно и мислам дека тоа е од традиционални сфаќања дека едноставно девојче не смее и не треба да биде доставувач. Ама еве со нашата теорија и практика се надевам  и другиве фирми ќе почнат го практикуваат тоа, да ги разбиеме тие стереотипи наши.</

Comments 
In Channel
loading
00:00
00:00
x

0.5x

0.8x

1.0x

1.25x

1.5x

2.0x

3.0x

Sleep Timer

Off

End of Episode

5 Minutes

10 Minutes

15 Minutes

30 Minutes

45 Minutes

60 Minutes

120 Minutes

„Доставувачот ѕвони два пати“

„Доставувачот ѕвони два пати“

Ilina