Баба Наде од Канео – првата рибарка од Охрид
Description
Ја викале нана Наде. Била физички силна и одлучна жена, која поради животните околности морала да ги земе мрежите и веслата в раце и да се отисне од брегот на домот под Канео. Денес нејзиниот глас можеме да го слушнеме благодарејќи на сочуваните архивски материјали. Но и преку спомените на нејзиниот внук, Ирак.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(звук на бранови)
„На двајс години јас се м’жив овде. Кого го барав овде во водава?“
(брановите продолжуваат)
Илина:
На жените од минатото често се гледа како на понизни, пасивни жртви на едно време и на неговите обичаи. Денешната приказна е малку поинаква – таа е за една жена која соочена со тешка животна ситуација ги зела работите во свои раце, и пред повеќе од 70 години почнала да вади леб за семејството од една типично машка професија.
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Оваа епизода од подкастот Обични луѓе ја посветуваме на Нада Мешурева Каневчева, првата жена-рибар од Охрид. Со неа во 2004 разговараше Ана Ашталковска Гајтановска.
Нада Мешурева, родена сум во Ресен илјада деветсто двајс втора година. Во земјоделска фамилија. Имавме имот, башчи, нивја со жито, шо немавме. Имот имавме ногу. Работав ногу како момиче. Да ти кажам прасина, волој, крави, кокошки… Од работа бегав, да се м’жам негде за полесно. Имав и момчина шо ме бараја тука, не сакав Ресен да се м’жам. Сакав некаде подалеку, да не работам. Се омажив в Охрид. Овде фамилијава беше рибарска фамилија. Ко се м’жив ми беше ногу убо овдека. Најдов свекрва, девер неженат, две золви нем’жени, две м’жени, м’жот ми и јас. Ногу бевме радосни и весели овде во куќава. Со гости секој ден имавме. Риби фашчаше м’жот ми, си беше газда, имаше свој влакој, чуној, со аргати работаше. Аргати идаја. По банка на ден на аргатите на сите му даваше, си идаше… идаја аргатите.
А.А: Тие ловеа? Како беше то со аргатите?
Н.К: Со влакот, со чунот ќе дојдеа аргатите ќе одеа, ќе ловеа, а ко ќе си одеа аргатите, по една бакна му даваше. Секој ден по една банка! А ко ќе фатеше риби појќе, по три риби на прстите ќе му закачеше. Чорбалок.
А.А: Чорбалук?
Н.К: А, чорбалок му даваше.
А.А: То се викат чорбалук, рибите?
Н.К: Чорбалок.
Илина
Со мажот ѝ, Ирак, се запознале како што било тогаш редот, преку стројник, Поп Јонче од Ресен. Ама првиот пат младиот рибар од Каневчеви некако не ѝ фатил око, како да поткуцнувал на едната нога.
Н.К: И идат попов со еден Турчин, јас и пречекав, му бацив р’ка, влегоја вн’тре, му пушчив вино една чинија. Шо имавме, шо дал господ и почестив и попов стана, си ојде. Му пушчил телеграма – како да знајш да дојш. Демек да се видиме. Се видовме, дојде со Димитри Точко заедно Ирак. Јас не го бендисвав првиот пат.
А.А: Не, а?
Н.К: Не го бендисав.
А.А: Шо не ти се бендиса?
Н.К: Не ме бендиса, некако ко… не знам. Не ме бендиса. Уше еднуш дојде и решив, се м’жам за овдека. Така било писано, шо ќе прајш.
А.А: А како гледаше вака, шо… шо не ти се бендиса на пример, како…
Н.К: Не ме бендиса, не знам така, не ме бендиса чоеков.
А.А: Како изгледат вака, каков е? Или?
Н.К: Не ми се свиде некако како да беше… вака како да се валеше и јас реков – не сум куца за куц да се м’жам.
А.А: Аха, аха.
Н.К: А тој не беше куц, туку од влакојте шо и тргале и така се валеше понекога… Се валкаше во одејнето. Не беше ногу демек, ама така ми се виде нешчо. Али било писано, ето вторпат дојдоја, тој рекол – уше еднуш барем да ја видам. Дојдоја уше еднуш со Димитри. Јас излегов надвор, везев една бошча, уште ја имам за спомен бел вез и – добар ден – ми рекоја. – Добар ден! Ме испули тој убо, и јас го испулив и је реков на сестра ми – нека бидит!
Илина
Животот на Нада првите години по мажењето бил добар. Дома имало разбирачка, охриѓани ја прифатиле. Наскоро добиле и деца. Но еден настан ќе смени се’.
Н.К: Рибарска посла, знајш како е. Живевме убо, се родија три деца. Првиот Филип… првата До… прва Добринка се роди ќерка ми, после Филип, после Јаким. Три деца родив. Седумнајсет години живевме со м’жот. Од срцето умре в ен час. Апанцас умре. Срцето го стегна, не знам шо… Пешчани беа со влакот, фашчаја риби таму. Дојде, р’ката му отрпна, бргу-бргу ојдовне, рече – книшкава да ја потпишам на рибарница. И таму падна, умре. Дур ојдовне кај Шорка нишчо, умрен беше. И останав со три деца и свекрва ми. Девер ми се жена, си се дели, во друга куќа ојде бидејќи немавме овде место. Овдека беше тесно во куќава да се женит и тој. Си си ојде со кирија, ние останавне овде. Јас видов – не видов, к’ј да одам. Немавне имоти нешто. Имавне од м’жот ми сиве алати, мрежи, ова – она. Кога имаше со блинкерот риби и јас почнав да си одам на риби со син ми Филип. Дејна – ношја… ношја фрлавме мрежи мрејци, дејна одевме на блинкер. Фашчавме риби ногу.
А.А: А колкав беше син ти тогаш?
Н.К: Син ми заврши… заврши осмо… осмо оделение заврши. Се уписа… ќерка ми беше поголема една година и три месеци. Таја заврши осми клас, тој за економски се записа… не. Таја се записа за гимназија, тој се записа за економски. Јаким беше мал, трето оделение беше ко умре м’жот ми. Најмал беше.
Илина
Наде морала да се прилагоди на новата ситуација. Со најстариот син Филип или Фило почнале да ловат риби, од три наутро до седум вечер. И така 20 години.
А.А: Значи ти ловеше со Филип со…
Н.К: Јас одев со Филипа на блинкер. Дејна и ношја. Ношја со мрежи, дејна на блинкер.
А.А: А како научи да ловиш?
Н.К: Знаев и со м’жот ми одев ко беше жив, му поможвев, знаев. Веслав! Сега имаме мотори три-четири. Тога немаше мотор. Одевне со веслајне. Од сабајле од три сатот, до вечер до седум, со веслајне по езерово веславне и фашчавне риби. Рибите ко ќе дојдевне навечер и носевне… девер ми беше во рибарница работаше, ојде Скопје, со зет му отворија дуќан на ангро железара. Дојдоја партизаниве, комунистиве, му го зедо дуќанот. Се врати назад. А дур беше тој Скопје рибите ми и земаше Ѓоре Дуко во Палас. Беа со м’жот ми пријатели, таму и носевне. Јас ќе одев со кајчево со детево, али Јаким али Фило, во зимбилот рибите, десет кила, петнајсет, ќе му и однесевне на Ѓорета, тој работаше во Палас, шеф беше. И рибите ќе и туреше во фрижидерите и ќе го опиташе Фила – мајка ти и трга рибите? – И трга. – Колку кила беа? – Олку. Парите в р’це му и даваше на детево. Ако Фило нешчо не беше тука, Јаким и носеше рибиве, ако беше Фило негде на друго место на работа, Јаким и носеше рибите. Јас со кајчево ќе го подносев онде пред Палас. И така срце, години ногу, двајсет години одев дејна и ношја на риби. Дејна и ношја.
А.А: Само то го работеше.
Н.К: То работав.
А.А: А другиве жени ловеа риби?
Н.К: Никој не одеше. Прво јас ојдов. Прва жена јас ојдов на риби.
<figure class="wp-block-image size-large">

Илина
Мажите пак ја почитувале. Не и барале ни дозволи, кои тогаш биле обврзни.
Н.К: Нишчо, шо ќе реагирет! Можит му беше м’ка, фашчав многу риби. Имаше еден… едно бротче. Во бротчето беше Наумче, Спиро и Круме. Тројца беа куманданти во бротчето. Никогаш не се добраја до мене. Али му беше жал, али му беше страм. Понекогаш ќе ме поздравеа од бротчето, јас жена со детево ловам риби, на албанска граница дури одев. Ќе ме поздравеа со усул и бегаја од мене. Му беше можит и жал и страм. Мирко ќе дојдеше и Цветко беа колџи. Цветко нишчо не велеше, м’лчеше кутриот. А Мирко ќе ми речеше – Наде, шо пр’јме со тебе? Јас ќе му речев – Мирко, дури имам м’ка, ќе одам. Ко ќе немам м’ка и дозвола да ми дајш, не ќе одам. А пред мене одеа сите на риби. Море адвокати, море чиновници, море рибариве и плата земаја и одеја. Кој не одеше на риби! Грабевме риби. Риби имаше бабе. А јас вдојца жена со три деца не ќе одам на риби? И јас одев. Секој ден! Секој ден! Од сабајле од три сатот, до седум јас ќе бев во вода.
Н.К: Дозволи… јас не земав дозволи никогаш. Само во недела земав зашчо струшката контрола ќе дојдеше, нашава не ме гонеше. Струшката контрола. Еден ден ојме со Јакима, а дозвола зедов тој ден, недела беше. Идат струшката контрола и ми велит – имаш дозвола? – Имам. Ми ја грабна дозволата и си ојде. Останав без дозвола. Идат Цветко и Мирко – имаш дозвола? – Имам – реков – ми ја грабнаја струшкава контрола ми ја зеде. И тие по ними, ојдоја, му ја зедоја дозволата, ми ја донесоја в р’це. Така беше. А инаку не ме гонеа нашиве колџи и милиција никој не ме гонеше. Никој! Никогаш. Кузнајт, али жал му беше, али страм му беше, али… многу ме уважаваја. Ногу бире. Чес ми праеја. Не знам з’шчо-како, м’жот ми можит беше добар, се носеше со сите… Не знам.
Илина
Најчудото во сето ова е што Нада никогаш не научила да плива!
Н.К: З’шчо не знаев и да пливам. И да се удаев… не знам… не знаев да пливам. И ден-денеска не знам. Ево остарев.
А.А: Стварно? Не пливаше.
Н.К: Не, не.
Илина
Рибарењето сепак не ѝ била единствена обврска. Во дворот под Канео пречекувала туристи, како што вели „отмени“ гости за кои подготвувала домашна храна, со кајче носела леб за печење на фурна, перела по цел ден боса во езерото. Ногу убав живот, вели, ама м’чен.
Н.К: И така сум проживела многу м’чен живот. Многу м’чен. Али ипак, пак бериќатверсан, децава порастеа, ми се изу