DiscoverОбични луѓе„Човекот кој не се плаши од мракот: спелеологот и спасувач Дарко“
„Човекот кој не се плаши од мракот: спелеологот и спасувач Дарко“

„Човекот кој не се плаши од мракот: спелеологот и спасувач Дарко“

Update: 2022-11-20
Share

Description

Прв пат влегол во пештера на 12 години. Денес Дарко е спелеолог, инструктор и спасувач. За тоа како е шест дена да си на 1200 метри под земја. Што се „сидриште“, „асендер“ и техника на единечно јаже. И каков сеир знаат да си прават спелеолозите меѓу себе.





Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

С3Е6 – Транскрипт





Илина
Првата и единствената пештера во којашто сум влегла е Грота гитанте, близу Трст во Италија. Во 1995 таа влегла во Гинисовата книга на рекорди како најголемата пештера отворена за посетители на светот. Кратко време по благото спуштање се отвора поглед кон огромна просторија која изгледа како катедрала. Во неа владее необичен спокој, со звук на понекоја капка која се слева од ѕидовите. Паралелен свет во кој човек се чувствува како поблизу до нешто моќно што царува со подземјето, некоја мистична сила која ги извајала сите овие облици и која е незаинтересирана за животот над земјата. Единствено што бара е да не биде вознемирувана.





(Common People)





Jaс сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме со човек кому под земја, во мракот, среде карпите и сталактитите, се чувствува пријатно и безбедно. Над земја пак со својот тим често учествува во спасување на луѓе залутани или повредени во планина. Така и слушнавме за него, кога медиумите неодамна известија за таква спасувачка акција близу Прилеп. Спелеологот Дарко Неданоски.





Дарко
Па мајка ми и татко ми да, уште како мал, најмногу мајка ми така – ама зошто нели влегуваш внатре, дали нема некој друг нормален спорт нели да вежбаме и тие прашања ги имаше.





И.Ј.: (се смее) Кај го најде баш ова?





Д.: Да. Кај го најде то. Но имав поддршка тука и од татко ми затоа што и татко ми нели беше член на „Златоврв“ на клубот и иако тој се занимаваше нели конкретно со планинарство, но ги знаеше сите постари луѓе, негова генерација кои што ми беа тренери нели и знаеше дека нели тоа е безбедна техника која што ја користиме и нели истражуваме таму долу.





Првпат на дванајсе години влегов во пештера, беше… тоа е мислам од клубот ни ја организираа и то е во село Ореовец, Рамниште се вика пештерата. Тогаш за првпат влегов во пештера.





Илина
Денес тоа некогаш 12-годишно момче е спелеолог, инструктор и спасувач, човек кого сакате да го имате крај себе ако некогаш влезете во пештера, се симнувате во пропасти или сакате да дознаете нешто повеќе за тоа што е спелеологија.





Дарко
Спелеологија е нели наука за изучување на пештерите и пропастите, а спелеолог е човек кој шо се занимава со истражување дали од научен аспект или од спортски, рекреативен аспект за да ги истражува, да ги посетува пештерите, нели да документира, да скицира, да работи со сингл роуп техники, тоа се техниките на единечно јаже кои шо треба да ги знајш за да мојш да се спуштиш долу.

При истражувањето на пештерите секогаш е различно. Најпрво нели треба да си со некој искусен спелеолог кој што долго време се занимава со то, дали од научен или спортски карактер затоа што секоја пештера е различна. Немаме некаква дефиниција дека мораме според овие правила да влегуваме внатре. Да, мислам имаме правила кои што ги користиме како кодекс, нели каква опрема треба да користиме, колку часови би се задржале внатре, храна, кого да го известиме. Затоа што долу во подземниот свет каде што нема никаков сигнал мораме да внимаваме на сите работи.

Искуствата и вештините се стекнуваат постепено со тоа како продолжуваме да работиме, да истражуваме и да се надоградуваме самите себеси и затоа се потребни основните принципи за запознавање на пештерите и на спелеологијата, па сѐ до основни принципи за користење на техниката на единечно јаже и сите тие алатки и појаси кои што ги користиме за да се спуштиме во одредени пропасти затоа што кај нас како поим пештера значи кога влезот на пештерата е хоризонтален, а пропаст значи кога влезот на таа пештера е вертикален. Значи мораме прво да се спуштиме со јаже, па потоа има нели ходници по кои што би се движеле и канали за да продолжиме внатре.





Илина
Кои вештини треба да ги поседува оној кој сака да се занимава со спелеологија? Дали е пресудна физичката спремност?





Дарко
И физичката и тука би го спомнал тоа и психичкиот момент затоа што тие одат заедно. Како мал доста често знаевме така како со другарите кои што почнувавме да нѐ фати некаква клаустрофобија или да размислуваме што ако се одрони не знам дел од карпата или некакво парче камен. Но со тек на време сфаќаме дека тоа уствари е природата која што е создадена таква, по природен пат дека се тие принципи кои што треба да ги изучуваме ние за да знаеме во кој дел каде да поставиме сидриште, каде да се спуштиме и како би можеле да ги толкуваме и да ги знаеме значењата на таа карпа во која што се наоѓаме таму долу внатре.





Илина
При разговорот Дарко често употребува термини за кои никогаш немаме слушнато. Сидриште, асендер, десендер…Го замоливме да ни ги појасни.





Дарко
Сингл роуп техниката или техниката на единечно јаже потекнува од Франција, од француската наука каде што веќе долги години, десетици години пред нас луѓе работеле професионално да ги истражуваат тие работи сѐ со цел да ја олеснат работата при истражувањето за да може со што помалце опрема нели да се слезе или да се спушти што подлабоко. Техниката на единечно јаже се работи со едно јаже, без осигурително јаже. Тоа значи дека мораме многу внимателно и професионално да ги избираме сите места каде ние бушиме во карпата. Затоа што кога слегуваме надолу ние бушиме дали со бор машина или со рачно… рачен борач во карпата, ставаме нели штраф, типлон, потоа борка и така правиме чвор на јажето и нели тоа го наставуваме за да се… што е можно подолу да слезиме. Потоа тука се и алатките кои што ги користиме. Имаме нели асендер, десендер, нели алатки за спуштање и за качување. Кога се качуваме користиме рачна спонка, градна спонка и ножна спонка. Тука е нели и дводелниот појас кој шо е составен од главниот појас и граден појас и за спуштање користиме десендер, дали стоп десендер, симпл десендер бидејќи има различни десендери на алатки и фирми кои што ги изработуваат тие алатки за спуштање.





И.Ј.: Како изгледа тоа десендер?





Д.: Десендер изгледа една направа која што ја користиме во левата рака каде што има две макари, тоа се едни две тркалца кои што… низ него го провнуваме јажето. Потоа го осигураме, додаваме уште еден помошен карабинер на него кои што се веќе претходно закачени на нашиот централен карабинер кој што го имаме составено на појасот и самото јаже прави протривање низ тие макари и така се спуштаме надолу.





<figure class="wp-block-image size-large"></figure>



Илина
Како изгледа процесот на истражување откако ќе добијат информација дека некаде постои пештера или пропаст во која до сега никој не влегол?

Дарко
Сме имале многу такви случаи и многу ни е драго затоа што кога одиме за првпат сме навистина многу возбудени затоа што тоа е уште една пештера која што нели ја ставаме на хартија, во архивата наша и не знаеме што нѐ очекува долу. Од самата информација нели дали сме ја добиле од некој локален жител во местото или од некој наш познаник или пријател кој што претходно ја знаел или од некој ловџија кој што е доста често… тие се цело време на терен па знаат сосема случајно некогаш да поминат покрај некоја таква пештера или пропаст и нѐ информираат. Ние веќе прво го гледаме теренот, нели каде се наоѓа, на колкава надморска висина се наоѓа, дали имаме некакви податоци за тој регион и слично. После тоа составуваме нели тим кој што се упатуваме кон влезот на пештерата нели да ја најдеме. Ако станува збор за хоризонтална нели се упатуваме без потреба на јажина и сите тие алатки кои што ги користиме. Доколку станува збор за пропаст нели за дупка, вертикала, тогаш најпрвин ги бираме… го бираме тоа почетно сидриште кое што е од големо значење и мора да биди осигурително затоа што тоа ни е почетната точка каде што започнуваме да се спуштаме надолу.





И.Ј.: Што значи точно сидриште? Тоа е место на кое што се кове нешто што ќе ве држи вас?





Д.: Да. Сидриште не секогаш значи дека бушиме во карпата. Тоа можи да биди и дрво, значи стебло од дрво, можи да биди возило, можи да биди некакви гранки кои што ги користиме сѐ со цел каде што имаме цврста подлога за да можиме, нели тоа сидриште да ја издржи нашата тежина. Затоа што ние по него и треба да се спуштиме прво и да се искачиме нели.





И.Ј.: За секој човек поединечно сидриште. Или на едно?





Д.: Не, не. На едно сидриште одиме сите. Затоа е таа техника нели единечно јаже, со едно јаже да се спуштиме сите, без разлика дали сме двајца, тројца, пет, десет луѓе, сите се спуштаме по едно.





И.Ј.: Значи нема еден човек – едно јаже, туку сите на едно јаже.





Д.: Да, сите на едно и така се префрламе значи на секој петнаесет, дваесет или некогаш и на многу помала разлика должинска затоа што исто така техниката на единечно јаже едно од правилата е дека не смее јажето никаде да трија. Значи ни на најмала… некој заб од карпа кај шо има површина значи не смеј да трија јажето.





Воздух можеме да имаме, значи немаме проблем досега затоа што тука конкретно кај нас во Македонија немаме некои пештери кои што се со голема сатурација, поточно големо намаление на сатурација на воздухот или со некакви отрови или CO2, не знам различни супстанци. Немаме проблем тука во Македонија, можиме да останиме

Comments 
In Channel
loading
00:00
00:00
x

0.5x

0.8x

1.0x

1.25x

1.5x

2.0x

3.0x

Sleep Timer

Off

End of Episode

5 Minutes

10 Minutes

15 Minutes

30 Minutes

45 Minutes

60 Minutes

120 Minutes

„Човекот кој не се плаши од мракот: спелеологот и спасувач Дарко“

„Човекот кој не се плаши од мракот: спелеологот и спасувач Дарко“

Ilina