DiscoverОбични луѓе„Љубимир Тошев-Кент: константа што еволуира“
„Љубимир Тошев-Кент: константа што еволуира“

„Љубимир Тошев-Кент: константа што еволуира“

Update: 2021-05-24
Share

Description

Поранешен библиотекар на катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет. Син на македонистот Крум Тошев. Роднина на револуционерот Пере Тошев. Но сето ова не е ни од далеку доволно за да се долови ликот и делото на гроф Љубимир. Гостин-уредник: Ѓоко Здравески.





Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.





С2Е5 – Транскрипт

Илина:

„Љубимир Тошев е македонски раскажувач, полемичар и есеист.“





Вака гласи првата реченица од монографијата „Книжевници: наставници од Филолошкиот факултет“ во која е застапен главниот лик на нашата нова епизода. Од 1983 па до неодамнешното пензионирање работел како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Објавил три книги проза, а познати се и неговите полемизирања со македонски лингвисти и критичари објавувани во весникот „Дело“ и во „Нова Македонија“. Син е на македонистот Крум Тошев и роднина на револуционерот Пере Тошев.





Сепак, сето ова не е ни од далеку доволно да се долови ликот и делото на гроф, или маестро Љубимир, кој фала богу е се уште подвижна, неофицијална и сочна историја на македонистиката. Со него разговараше нашиот гостин-уредник, Ѓоко Здравески, поет, преведувач,  некое време и самиот библиотекар на истата катедра, денес лектор по македонски јазик во Париз.





Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода со задоволство му го предавам микрофонот на Ѓоко.





Ѓоко:





Кога ја слушнав првата епизода од поткастот „Обични луѓе“, прв на памет ми падна Љубимир Тошев. Си реков, мора и за маестро Тошев да направиме една епизода, и тоа ѝ го предложив на Илина, па еве нѐ неколку месеци подоцна.





Љубимир Тошев-Кент или гроф Тошев, како што го викаат некои, или маестро Тошев, како што си го викам јас, го запознав пред петнаесетина години, кога јас студирав книжевност на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а тој беше библиотекар или библиотекарин, како што вели тој, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.





Кај Љупчо во библиотека не можеше да седи секој. Ќе те измерка уште од врата и ако не си добредојден за седење, многу бргу ќе го дознаеш тоа. И јас ги поминав тие иницијации на меркање и проверка во вид на провокативни прашања преку кои домаќинот бргу сфаќа колку ти сече и дали си достоен да делиш астал со него. Денес, петнаесетина години подоцна, седиме, сега како двајца пријатели, во библиотеката во која тој го помина целиот свој работен век, а и јас кратко работев како прв негов наследник.





(Common People)





Јас сум Ѓоко Здравески, а оваа епизода од поткастот „Обични луѓе“ е посветена на Љубимир Тошев-Кент, константа што еволуира. Подгответе се за политички некоректен разговор помеѓу двајца пријатели. Муабетот е природен и непосреден, па во него улетува и понекоја пцост и понекој србизам, а и некои други зборови што некому сигурно ќе му се чујат навредливи.

Ќе вреѓаме во интервјуво? М? Ќе вреѓаме, викам? Ќе пцуеме? Е, сега, шо ќе пцуеме? Ние сме добри луѓе, многу сме културни.





Љубимир Тошев е роден во Скопје на Богојавление, или како што велам јас, на Љубиморојавление, 1952 година. Првиот прекар му е Гајга…





[Љубимир]

Првиот прекар ми е Гајга. Изгледа како мал не сум знаел циганка да викам, сум ја викал гајги. Зашто мајка ми се чудела, нормално и татко ми, само татко беше тогаш во Германија, лектор, прв е, во Гетинген. Никој не го споменува тоа. Која година е тоа? Јас сум 52-ра, тоа 54-та било. Колку што знам, има и статија. Гетинген и… Се чуделе како детево на, а сум се родил на пет кила сум бил. Прво одделение, а? Картал, картал, у пичку материн. И не сум зборувал. Со заби. И мислеле дека нешто… Ти си од тие што не зборувале, а? Не зборуваа. Нешто сум видел, ама тоа не се сеќавам да ти кажам. И потоа прозборев. Тоа е интересно, деца што не зборуваат… За Ајнштајн викаат дека доцна проговорил. Добро, јас не сум Ајнштајн, далеку од тоа… Без разлика… Ама немој да мислиш дека се потценувам, тој не ми импресионира…





Ѓоко:
Роден е карши ЦК, кај прочуената кафеана „Зора“, според која Димитар Солев го пишува романот „Зора зад аголот“. Првите сеќавања му се поврзани со баба му Љуба Иванова Бојаџиева, првата скопска акушерка, по која го добива името.





[Љубимир]





Јас сум роден, инаку, значи карши ЦК сега… Карши Владата. Тука е таа прочуена… Во дворот на прочуената кафана „Зора“. Зора зад аголот. Имено. Ај, тука кажи ми малку сега. Зора зад… Сум ти кажувал мислам тоа… Имаше… Е, тоа ми се… Едно од првите сеќавања. Прво сеќавање ми е кога се роди сестра ми Марија. Марија е помала од тебе, така? Да, штом ти е сеќавање, мора да е помала. Таа е 54-та, јас сум 52-ра, таа е во ноември некаде. Се сеќаваш на тоа, а? Знаеш зошто се сеќавам? Бидејќи, со пајтон, веројатно пајтонот ме возбудил, и породилно беше сега шо е Градска оваа црвената, така ја викавме црвената беше породилно. Бидејќи баба ми беше акушерка. Јас, баба ми ме извадила од мајка ми и брат ми. Тогаш веќе ѝ се треселе рацете Маре кога дојде, таа од 19-ти век жена беше, акушерка инаку, првата акушерка. Како се вика? Љуба Иванова Бојаџиева. Љуба Иванова Бојаџиева. Скопјанка.





Ѓоко:
Кои се најстарите скопски маала? Зошто е Дебар Маало сељачко маало и кој е првиот збор од тешките зборови што ги изговорил?





[Љубимир]





Љуба, Панкова е. Позната фамилија. Тие се први што имале, како да ти кажам, имало некој клучар ми кажуваше таа, сега кај шо е Гранд, пред Ново Маало… Имале двор со онакво, и некое куче, и доаѓале Албанци… Албанци, двајца без тројца и проселе за леб. Би парче бух, викале. Две парчиња леб. Ова е пак триесетти некаде, а? Ова е турско. Ова е турско, ова зборуваш сега за баба ти. Баба ми, турско е. Баба ми беше негде, постара од Тито беше. 1880, да речеме. А кај имаат живеено, во Ново Маало, тука? Тука. Мајка ми е новомаалка родена. Е… Иако Ново Маало е влашко маало, ама овие се први. А Дебар Маало е 1912 напраено, тоа сељачко маало е. Затоа ти викам, многу работи се во Скопје, овие… Ај, кажи ми, зборувај ми малку за Скопје… Кое е најстарото? Значи, Ново Маало е старо маало, практично. Старо е. Најстари се овие од оваа страна. Чаир, Чаршија, Карадак Маало. Каде е Карадак Маало? Кај (нејасно)… Крњево. Кај хотелот. Континентал е Крњево? Да, да, да… Ова Маџир од другата страна, Пајко Маало кај Пиринче, тие се маалата. Топаана. А ова Циган Маало шо го викаат? Малку знам. Малку знаеш. Тоа е ваму кај Беко негде ваму. Циган Маало тоа е пак, знам, Циган Маало имаше Цигани, знам, ама тоа е аматерска работа. Тоа е Циганите кога се доселувале и затоа го викаат Циган Маало. Ги бркаа потоа Циганите во социјализмот. Неколку, две-три фамилии останаа, околу школото Гоце Делчев. Ленин бившо. Така, така, така. Неееее, Ѓоко… Ти си растен кај ЦК. Кај Зора зад аголот, тоа рековме. Е, тука, тие сеќавањата мои. Јас знам дека тебе тие работи те интересираат. Имаше, а тие веројатно му беа деца на тој Фрањо, знам, газдата. Фрањо. Од баба ми, пак ти викам, тоа сѐ се… Не сум зборувал, ама сум впивал. И ти викам, ова не е од некој што ми го кажувал отпосле. Иначе така не сакам да зборувам. Значи, мал си, ќутиш, не зборуваш, сѐ снимаш? Да, сум снимал. Сум снимал. А нешто вака сум праел, бидејќи децата беа слепи. На овој Фрањо? На Фрањо. И знаеш, ти си окат и гледаш некои немаат очи деца. И веројатно нешто акушерката, нешто сум… некоја гестикулација сум праел и тогаш ми е останато, сифилис сум го слушнал првиот збор. Сифилис прв збор? Прв збор ми е вака од овие тешкиве зборови.





Ѓоко:





По мајчина страна е скопјанец, а по таткова е прилепчанец. Љубимир Тошев е син на Крум Тошев, македонски славист и македонист, универзитетски професор, и потомок на револуционерот Пере Тошев. По таа линија, по скопскиот земјотрес се селат во Прилеп.





[Љубимир]





Значи, по земјотресот сте преселени… Колку време живееш во Прилеп? Година. Ваму во куќава што ви е останата, сега што делевте нешто? Да, да. Таа куќа е на Наум Тошев. Кој е Наум Тошев? Татко на татко ми. Татко на татко ти. А тој на Пере што му е? Пере му е чичко нему. Пере му е чичко на Наум? На Наум. Пере немал деца. Нели, Блаже го пишува… Само тој е близок со… Ама, па, Пере млад умира, колку години има Пере? Не е многу млад, 45-6. Ааа, така… Утепан е. Знам, де, знам. Во заседа е фатен, така, некако на пат е? Го наместиле.





Ѓоко:





По таа една година во Прилеп повторно се враќа во Скопје.





Кажи ми сега, одиш Прилеп и потоа се враќаш… Се враќам во Скопје. Нели, по земјотрес. Се враќаш на истово место, кај што си бевте? Кај се враќате? Ти си роден ваму кај… Зградата се реновираше. Ќе ти кажам. Не падна зградата? Не, со жолто беше. Жолто значеше дека може да се поправи. Зелено беше непипната, црвено за рушење. Така.  





Ѓоко:





Прво привремено живеат во Тафталиџе, што за еден дебармаалец е далечна периферија.





[Љубимир]





Од Прилеп кога се вративме, види ќе ти кажам што, живеевме едно два-три месеца, тоа е едни бараки, бараки значи сега некаде кај каналот, Тафталиџе.





Тука седевме два-три месеца. Потоа на татко ми му дадоа за, како се вика

Comments 
In Channel
loading
00:00
00:00
x

0.5x

0.8x

1.0x

1.25x

1.5x

2.0x

3.0x

Sleep Timer

Off

End of Episode

5 Minutes

10 Minutes

15 Minutes

30 Minutes

45 Minutes

60 Minutes

120 Minutes

„Љубимир Тошев-Кент: константа што еволуира“

„Љубимир Тошев-Кент: константа што еволуира“

Ilina