На половина пат?: генерацијата 1971
Description
Бевме генерација подготвувана да блесне, во нешто за што се веруваше дека е најдобриот од сите можни светови. Преку ноќ тој се распадна, а ние поминавме добар дел од животот обидувајќи се да се прилагодиме на новите околности. Што мислевме а што се случи? И што во следните 50 години?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(А-ха, Анплагд верзија на Take on Me)
Илина:
Веројатно е 1983. Имам 12 години и сум најбогатото дете во градот. Роднините од Австралија ми испраќаат нов модел Сони Вокмен. Има мазно тело, испакнати копчиња за „плеј“ и „стоп“, портокалови перничиња на слушалките и држач за на појас. Во пакетот има и една касета, „Трилер“ од Мајкл Џексон. Со навежбан потез ја лизгаш во лежиштето, затвораш и пушташ. Музиката те поткрева неколку сантиметри од земјата и така лебдејќи чекориш низ градот, додека сите те загледуваат.
(продолжува истата музика)
Веројатно е 1985. Со Наталија сме во исто одделение во Песталоци и комшивки во Капиштец. Броиме колку чекори има од нејзината до мојата зграда и ја одредуваме средината, за секогаш да се наоѓаме на таа точка, кај едно поткршено дрво, каде што сега е Беверли Хилс. Од таму одиме до најблиската трафика по германското „Браво“, од кое не разбираме ни збор, но си ги делиме л’скавите постери. По кој знае кој пат ја вртиме видео касетата од Лајв ејд и на памет ги знаеме репликите од комедијата Топ Сикрет.
Подоцна стануваме даркерки, излегуваме во „Лондонче“ на Картерот и секогаш се дружиме со постари.
(музика)
Веројатно е 2021. Вокменот одамна се распадна на делови и заврши во отпад. И Југославија ја доживеа истата судбина. Мајкл Џексон умре на 50, обвинет за педофилија. Наталија не дочека 50, погина во сообраќајка. „Лондонче“ одамна не постои. Во светот владее пандемија.
А кога се сеќавам на минатото, не ми е сосема јасно дали замислувам, измислувам или додавам, така за да делува поубаво отколку што е. И да боли што веќе го нема.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа последна епизода од втората сезона на подкастот „Обични луѓе“ зборуваме со луѓе од мојата генерација, 1971, која оваа година наполни половина век. Што мислевме, а што се случи со нашите животи? И колку сме поврзани со оние родени во истата година?
(песна Дисциплина кичме, Taта-мама)
Драган Тошев – Рада:
Мислам дека тој систем во кој што ние егзистиравме со сите можни критики и дефицити кои што може да му ги залепиме беше идеален. Некако многу блиску до идеалот да создаде едно друштво во кое што немаше големи социјални и економски разлики и во кој што идеалите беа во голем дел идеалистички.
Илина:
Драган беше 8Б, а јас и Бојан, монтажерот на овој подкаст, 8В. Го викавме Рада и дури сега, кога го снимавме разговорот, сфатив и зошто. Кога бил мал го терале да ја пее „Ајд идемо Радо“ од Тозовац, и го частеле сладолед. Не е ни чудо што подоцна стана панкер. Се дружевме на кеј и на свирки во Дом на млади. Но кога завршивме основно го загубивме од кадар. Неговите сакаа тој да се запише во средно медицинско во Штип, се гледавме само за празници и викенди. И тој и ние им се лутевме и едвај чекавме да заврши средно и да се врати во Скопје. А потоа…
<figure class="wp-block-image size-large">

Бојан до него потпрен на оградата</figcaption></figure>
Драган:
Тоа беше последната година на Југославија. Почна судирот во Словенија во тој момент и ете ја бев во касарна во Загреб, бев санитетец благодарение дека имам средно медицинско и имав некако привилегирана позиција да излагам секој ден надвор, бев многу послободен во споредба со другата војска. Али почна проблемот у Словенија и ја бев у касарна за војна полиција у вод за интервенција нажалост. И се деси целото тоа срање околу Книн и требаше да ја пратат целата наша касарна директно да отиде таму. У меѓувреме со среќа, нели Македонија прогласи независност така да татко ми бог душа да му прости, ја запали старата застава од Скопје и не знам, направи највероватно рекорд као Ники Лауда да дојде од касарна да ме собере затоа што старешината на касарната им дозволи на сите Македонци да се повлечат, да си излезат надвор доколку не сакаат да учествуваат во конфликтот и јас ја искористив таа опција.
(музика од бендот Плавајс)
Илина:
Драган се враќа дома, свири во групата „Плавајс“ и во првата постава на „Сет“ заедно со Владан, Доријан и Пацерот. И повторно на сечие изненадување, запишува – Богословски факултет! Ова го држи две-три години, но потоа слушаме дека заминал некаде низ белиот свет.
Драган:
Се десија сите… почна нели граѓанската војна и целата структура почна да се губи. На извесен начин може да кажам дека нашата генерација… ни го тргнаа тлото под нозете буквално преку ноќ. И ја вака персонално некако се најдов у една хаотична ситуација во која што гледајќи наназад и гледајќи ја некако сегашноста, реалноста која што нè опкружуваше у комбинација со еден персонал… личен немир, лична љубопитност, личен глад за живот после многу високи и ниски и после многу соочувања со самиот себеси некако ми дојде спонтано идејата да ја напуштам некако Македонија, да се така фрлам надвор у свет, да тргнеме и ние страдалници од век. Ако може да парафразирам (се смее).
Илина:
Приказните за „Радавиденијата“ беа чести, иако не секогаш сигурни. Наводно свирел бубњеви на улиците на Рим. Други велеа дека виделе човек што личи на него во Амстердам. Да ни кажеа дека е на брод за Африка, и во тоа ќе поверувавме. Но сега го најдовме во – Швајцарија, во како што вели, последното поглавје од својот номадизам.
Драган:
Живеам во Швајцарија, работам во една клиника, работам на одделение онколошко-палијативно одделение. Тоа се онколошки случаи, луѓе со различни верзии на рак кои што ги имаат направено сите можни терапеутски пристапи, нажалост без успех и се наоѓаат во фаза во која што треба да излезат од овој тродимензионален реалитет. Значи луѓето умираат. Одделение кое што е специјализирано за да ги сузбие сите негативни симптоми во оваа ситуација. Ако има страв, параноја, болови… Не е куративен пристап, него е пристап да се отпрати човекот на најдобар можен начин, да излезе од неговата многу болна и невозможна ситуација.
Илина:
Оваа можност за достоинствена смрт Швајцарија ја нуди на секој свој граѓанин. Но просечниот престој на пациент во болницата кадешто работи Драган е само триесет дена. Дали ваквото секојдневно соочување со смртта влијае врз неговото сфаќање на животот?
Драган:
Во голем дел да, ми се смени затоа што… затоа што кога си сведок на такви тешки завршувања знаеш, затоа што целата таа работа не е само ако некој си замислува ете има пациент во кревет, сето тоа не е толку асептично. Мислам ти си сведок на људски, фамилијарни драми. Значи чоекот умира, умира татко, околу него се две ќерки, мајка, тоа е процес што ќе трае две, три, четири недели. Фамилијата ѝ е дозволено да остане во собата на пациентот и ѝ е дозволено да живее со него, така да ние сме дел од целиот фамилијарен процес. Не е мислам асептична работа, доаѓам, му ставам морфин у вена и излагам надвор. Значи доаѓам, воспоставувам контакт со луѓето и после многу краток период… тоа се многу интензивни емоции, стануваш стварно дел од фамилијата.
И.Ј: Дали те мачи тоа?
Да. Да. Во голем број на случаеви те мачи меѓутоа во секој случај ти е тригер некаков филозофски да почнеш да ги обработуваш тие стимули што се многу јаки. У секој случај е позитивно дека го цениш животот повеќе. Дека не се… не си кршиш толку многу глава за така секојдневни лапалии и ситници што порано те… комплетно излагаш самиот од себеси, си викаш – добро, сè додека немаш што да правиш со смртта или било каков нејзин аспект, све ова што ти се дешава околу тебе е добро.
Илина:
Драган денес има семејство, сопруга и две ќерки. Дали се уште им се лути на своите родители, и покрај тоа што сега живее од професијата која тие на нејќење му ја одбраа?
Драган:
Па тоа е супер, многу интересно прашање. Ова беше исто… твоето прашање практично ги потврдија зборовите на моите родители кои што после сето ова време што помина, јас целиот живот ги обвинував дека на извесен начин мојот живот беше уништен со овој акт дека ме запишаа во друго место кое што јас воопшто не го ни калкулирав зашто би требал да одам таму. Меѓутоа иронија на случајот сакаше повторно после сите овие перипетии и синусоиди животни, да се вратам во оваа професија која што иницијално јас воопшто не се ни осеќав повикан за неа.
Илина:
Што мисли како ќе изгледаат следните 50 години?
Драган:
Тешко прашање. Не знам како… Добро, светот се менува. Ако се свртиме наназад да видиме што све не се исподеси кога бевме 20 годишњаци до сега, разбираш. И се менува некако многу брзо, многу брзо оди у некоја насока што ете мене персонално, субјективно не ми се допаѓа многу како ќе биде. Веќе сега се осеќам некако лост ин транзишн, ако може така да се наречам. Осеќам некое ладно чувство околу срцето. Осеќам дека доаѓа една… една нова ера во која што ќе ми биде уште многу потешко да се привикнам на новите правила на игра. Некако така… така се осеќам..
И.Ј: А кои би биле тие нови правила? Во смисла на социјален дарвинизам она што спомна?
Д.Т: Па имам некое чувство дека некаде од 90-те години се работи активно да се промени социјал